6 есенски намирници за топ имунитет

loading...

Есента е убаво годишно време, но честите промени во температурата и влажноста поттикнуваат ширење на вирусите и бактериите, а единствениот одговор на тоа е да го зајакнеме имунолошкиот систем.

За среќа, природата се има погрижено на располагање да ни стави разновидни вкусни намирници кои го зајакнуваат имунитетот – на нас е да се потрудиме да ги набавиме, подготвиме и да ги изедеме.

Јаболки

Јаболките се една од најголемите радости на есента и сега е вистинско време да уживате во нив на разни начини – свежи, во пита или печени. Се разбира, за имунитет се најдобри свежите јаболки и се извор на лесно сварливи влакна чиј внес ја подобрува работата на дигестивниот тракт, кој е од исклучителна важност за работата на имунолошкиот систем и ублажување на воспаленијата. Слободно може да им додадете и цимет, не само поради совршената комбинација на вкусовите, туку и поради неговите изразени противвоспалителни својства.

Брокула

Еден од најдобрите извори на витамините К и Ц. Брокулата е одличен извор на калиум и влакна, кои ја помагаат работата на дигестивниот тракт и ја зајакнуваат флората во него.

Цитрусни овошја

Општо е познато дека се преполни со витамин Ц, но имаат и други бројни прености за здравјето. Содржат флаваноиди, кои ги помагаат работата и здравјето на срцето, но и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол и триглицеридите.

Пашканат

Пашканатот е роднина на морковот, а содржи богата смеса на нутритиенти – фолни киселини, витамини Б6 и Б5. Идеален е како додаток на супи, но и печен со маслиново масло, бибер и сол.

Тиква

Вистинскиот симбол на есента има да понуди многу повеќе од декорација за ножта на вештерките. Покрај тоа што е богата со антиоксиданси, тиквата е полна со витамини А, Ц и Е, а нејзините семки се одлична занимација за забите, која е полна со влакна, протеини и минерали. Освен што можете да ја печете, можете да направите и блендирана чорба од неа.

Лук

Здравствените предности на лукот се добро познати, но не е на одмет и да се повторат: одличен е во зајакнување на имунитетот и може да ве одржи цела есен и зима.

loading...

Related posts