Брисел во шок после потегот на Мадрид:Ќе има се повеќе држави кои ќе го”прецртаат”Косово,а тоа ќе биде почетокот на распадот на ЕУ

loading...

“Шпанија себе се изима од ставот на ЕУ,како и многу други држави од ЕУ заедницата по истиот домино ефект ќе го направат истото,затоа што не сакаат да бидат соучесници на лажното признавање на Косово,затоа што и самите ќе имаат проблеми во сопствените држави.”

Одлуката Шпанија да пушти документ во Брисел,во кој се бара Косово да не се третира како држава,и со самото тоа да не биде дел од пристапните преговори, ниту пак член на било која европска институција,предизвика реакција во Приштина,но и во седиштето на ЕУ,информира за Спутник геополитичкиот аналитичар Саша Боројевиќ.

Овој потег Мадрид го направи само една недела пред состанокот на комесарот на ЕУ во Стразбург,кој требаше да се случи на 6 Февруари и на кој требаше да биде усвоена стратегијата за пристап на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Како ќе реагира и дали ќе реагира ЕУ на овој потег на Шпанија?

Мислењето на аналитичарот Боројевиќ е дека најавениот состанок во Стразбург ќр биде одложен поради потегот на Мадрид.Тој всушност мисли дека после ова во ЕУ ќе биде потребна консолидација,за да знаат кој е воопшто единствениот став по тоа прашање.

NO PASARAN.      Шпанија против учеството на Косово на самитот на ЕУ и Западниот Балкан.

-Мислам дека ќе излезат со еден општ став во кој нема да има конкретен одговор.Зошто е невозможен конкретен одговор.Самото европско семејство (ЕУ) практично функционира како едно,а овде гледаме дека не функционира така ,и дека е невозможно,туку има 50 различни ставови кои практично неможат да се претопат во еден заеднички.Така да, мислам дека сево ова ќе оди во правец на заташкување и игнорирање -вели Боројевиќ.

И додава дека хаусот ,кој настанал после отварањето на”Пандорината кутија” со признавањето на Косово или признавањето дека Србија заедно со Косово би влегла во ЕУ,во овој момент е невозможна ситуација од која нема излез,ниту пак јасна слика на тоа што се случува.

  • Всушност почнува мултиплекс конфронтирање,односно ерозија на меѓународниот поредок,кој како последица ќе го има распадот на ЕУ,после цела декада на нестабилност.
  • Системот на вредности се распаѓа низ целата планета,а тоа мора и ќе се случи во глобалната политика и кај нас,во ЕУ и во се што не опкружува. Позади сценариото на распадот на ЕУ стои Америка,оти ЕУ на чело со моќната Германија се повеќе покажуваат дека сакаат да се отргнат од колонијалната американска администрација-вели Боројевиќ.
  • Спрема неговата проценка,нестабилната ЕУ не и одговара само на Америка туку и на Велика Британија,оти истата таа сака да се одкаже од долгот спрема ЕУ кој изнесува скоро 100 милијарди.

На прашањето,каква врска има тоа со Косово и Шпанија,тој одговара:

-Шпанија во сево ова го препозна  последниот момент на реакција, оти го свати започнатото движење во обратен правец. Многу држави ќе излезат од ЕУ,многу ќе ги затворат границите и многу членки на ЕУ знаат дека за пропаѓањето на ЕУ се предвидува почетокот на економската војна помеѓу Истокот и Западот. И во тие рамки некои источно европски земји ќе ги замрзнат своите европски интеграции,додека други потполно ќе се откажат.

ПОРАКА ОД МАДРИД:Косово како држава неможе во ЕУ,од тоа не отстапуваме ни педа.

Тој подсетува дека во државите на ЕУ постојат скоро 70 територии кои сакаат самостојност,од Шкотска до Корзика.

-Во тој случај,Шпанија се изима од ЕУ,како и многу други земји,кои по домино ефект тоа ќе го сторат,оти не сакаат да бидат соучесници на лажното признавање на Косово,оти ќе имаат проблеми и во сопствените земји-заклучува аналитичарот.

 

извор:informer.rs

loading...

Поврзани статии