Македонските олимпијци пристигнаа во Пјонгчанг

loading...

Македонската експедиција на пладне допатува во Јужна Кореја за настапот на Зимските Олимписки игри кои в петок започнуваат и ќе траат 16 дена. Во неа главни се спортистите: нордијците Ставре Јада и Викторија Тодоровска, и алпскиот скијач Антонио Ристевски кои утре ќе бидат дел од церемонијата на свеченото отворање која ќе се одвива од пладне, по наше време, на новиот Олимписки стадион во Пјонгчанг.

Носител на македонското знаме и предводник на тимот на претставувањето ќе биде крушевчанецот Јада кој, и прв ќе настапи на Зимските олимписки игри на 13 февруари кога има спринт. Потоа на 15 Тодоровска се појавува на 10 километри крос кантри, а ден по неа Јада ќе го има вториoт настап на 15 километри. Ристовски ќе биде дел од техничките дисциплини од алпското скијање, во велеслаломот на 18 и во слаломот на 22 овој месец. Игрите ќе траат до 25 февруари.

Инаку нашите во средишниот дел од корејскиот полуостров ги дочека температура од -17 и плус оган кој го беше зафатил еден од олимписките објекти, но кој брзо беше локализиран.

loading...

Related posts