Мицкоски – Радев: Добредојдена е поддршката од Бугарија

loading...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (16 февруари 2018-та година) оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

На средбата се разговараше за повеќе теми важни за регионот, стратешките интереси на Република Македонија и за актуелните случувања во државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека е за развој на добрососедски односи, кои треба да се градат на реципрочна основа, и заемно почитување, и во таа насока добредојдени се сите иницијативи кои ги рефлектираат овие заложби.

Својот соговорник Мицкоски го запозна и со актуелните случувања во државата при што нагласи дека загрижувачка е загрозената демократија, политичкиот терор спроведуван од власта и стангирачката економија која се одразува врз стандардот на граѓаните.

Претседателот Мицкоски посочи дека е потребна интеграција во Европската Унија и НАТО, и за таа цел добредојдена е и поддршката од Република Бугарија. Тој констатираше дека за жал нема никаков напредок во поглед на реформските приоритети врзани со интеграција на државата. Иднината на регионот е во овие организации, во цврстите пријателства и меѓусебното почитување, додаде Мицкоски.

loading...

Поврзани статии