Процесите за Груевски се пародија: Обвинет сум за сакање

loading...

Очигледно се сака во оваа држава со политичките противници да се справуваат на еден ваков недемократски начин, преку судовите, преку притисок кон пратеници, кон луѓе кои што се политички противници на СДСМ, само со цел да на некој начин на тој начин се наруши репутацијата на опозицијата и СДСМ што подолго да владее, а ние да одиме по судови и да се правдаме, да се докажуваме, да објаснуваме за нешто дека не сме виновни кога однапред е јасно дека не сме виновни, и кога читајќи го обвинението не можеме да разбереме за што сме обвинети. Јас навистина не можам да разберам за што сум обвинет во овој случај, истакна поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по денешното рочиште за случајот „Тенк“.

-Во обвинението пишува – сакал, потенцирам, „сакал да се набави блиндирано возило и сакал, потенцирам, сакал тоа да не го знае јавноста“. Јас навистина не сум чул да некој за сакање нешто биде обвинуван, а уште помалку на суд да се носат политички лица заради тоа што се повозеле, односно ги возеле во блиндиран автомобил во време кога извршувале функции или кога доаѓале високи гости, високи делегации, генерални секретари на Обединети нации и комесари на Европската унија и така натаму и со тоа возило биле превезувани додека престојуваат во Република Македонија и сега за сето тоа има едно судење, а паралелно се одвива една кампања на СДСМ во којашто сакаат да постигнат одредени политички поени и знаејќи дека во државата нема друго такво возило коешто не е постаро од дваесет години, ќе го продаваат, ќе го продаваат евтино да изгледа на граѓаните дека тоа чини многу евтино, дека државата многу изгубила со тоа.

Тоа, според Груевски, е една пародија.

-Па секоја држава има најмалку десет такви возила за кои што денеска тука не повикуваат да не судат. Најмалку десет, некои имаат поголеми држава и по педесет и по сто и така натаму. Македонија има едно такво возило кое што заштитува од различни безбедносни ризици вклучувајќи подметнати мини, вклучувајќи подметнат динамит, стрелање преку снајпер и така натаму, што мислам дека е нормално во цел свет, подвлече тој и додаде:

-Значи нема држава каде што сум престојувал како премиер, а сум престојувал во многу, да не сум бил дочекан во такво возило и да не сум видел како моите колеги и многу пониски рангови од моите колеги премиери биле обезбедувани на тој начин. Конечно јас не сум тој што одлучува како премиер, кога бев премиер, во какво возило ќе бидам транспортиран. Има закони, има правила, има упатства, има Министерство кое што е задолжено за тоа и кое што пропишува на кој начин лица со таква функција треба да бидат заштитени, нивните животи треба да бидат заштитени и тие правилници се согласно правилниците во други држави.

Наспроти тоа, потенцираше Груевски, сега гледаме една пародија, еден популизам во кој што гледаме дека актуелниот премиер за да покаже колку е тој штедлив или великодушен, или не знам што се вози, наводно според она што го дознаваме во неблиндиран автомобил додека сите други како што можевме да видиме се утепаа од возење во овој автомобил кој што сега наводно ќе го продаваат.

Сите делегации до сега странски откако е дојдена новата власт, високи личности се возат во ова возило и како што видовме низ порталите се возат и многу други личности, но само за нас се води постапка, конкретно за мене дека јас сум примил награда со тоа што сум се возел во возилото. Замислете ме судат затоа што сум примил награда затоа што сум се возел во возилото и затоа велам не ми е јасно зошто ме судат. Јас и одгвоворив тоа на судиката- дека мене обвинението не ми е јасно, не можам да разберам дека награда е ако премиер го возат во блиндиран автомобил со степен на заштита како што пропишува законот и во нашата држава и во другите држави.

 

извор:republika.mk

loading...

Поврзани статии