Синдикатите и најголем дел од граѓаните против зголемување на старосната граница за пензионирање

loading...

Препораката на ММФ да се зголеми старосната граница за пензионирање и натаму ја бранува јавноста. Најголем дел од граѓаните што  ги анкетиравме се изјаснија против зголемување на работниот век. Велат дека државата треба да најде друг механизам да се справи со дефицитот во ПИОМ.

И независните синдикати на градежници и камионски транспортери вчера се изјаснија против вакво решение, особено за работниците кои извршуваат тешки физички работи.

„Апсолутно сме против зголемување на работниот век. Што сакаат? Директно од работни места да не носат со ковчези? Тоа ние, независните синдикати нема да го дозволиме“, велат од  Независен синдикат на градежници и трговци во градежништвото.

„Кога Македонија ќе има слободни места, а ќе нема работници како работна сила, тогаш може да правиме зголемување на работниот век. Во ниедна друга ситуација синдикатот не може да дозволи зголемување на работниот век,туку напротив, мора до крајот на оваа година да биде донесен закон со кој мажите во Македонија ќе одат во пензија на 60 години, а жените на 55 години“, изјави  Страшо Јованов – Независен синдикат на камионски транспортери МКАМ Транс.

Од ММФ пак препорачуваат за да се спаси државниот пензиски фонд возраста за одење во пензија  да се зголеми и да биде како во земјите членки на Унијата. Порастот на пензиите да ја следи инфлацијата а не растот на платите.

Претходно и дел од експертите предложија постепено зголемување на старосната граница и на придонесите како најдобро решение за спас на ПИОМ. Според нив најлошото решение е ако државата не почне со реформите на пензиоскиот систем.

loading...

Поврзани статии