Меѓународните напори на ВМРО-ДПМНЕ вродија со плод, европратениците задолжени за Македонија го препознаваат недемократскиот амбиент на власта

loading...

-Владата и коалицијата на власт има одговорност да направи опозицијата да се чувствува комотно и активно и да и се даде шанса, особено за стратешки прашања што всушност недостасува во овој момент. Имам големи очекувања од процесот ‘Жан Моне’, но тој најверојатно ќе почне во март, но тоа нема да биде во Париз. Одлуките и заклучоците ќе се донесат во Собранието, рече Вајгл.

Напорите на ВМРО-ДПМНЕ вложени во надворешната политика, вродија со плод. Европратениците кои се задолжени за Македонија го препознаваат недемократскиот амбиент на власта, а со тоа и позитивно ги оценуваат чекорите на опозицијата превземени во оваа насока.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изминатиов период заедно со партиска делегација оствари неколку меѓународни посети.

Тема на средбите беше актуелната политичка состојба во Македонија, како и недемократското однесување на власта. Токму владеењето на СДСМ доведе до критики од страна на европратениците, насочени кон актуелната власт во Македонија.

Европратеникот Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент, ја повика опозицијата да се вклучи во работата на Собранието, истакнувајќи дека власта и опозицијата мора да работат заедно за доброто на државата.

Вајгл кој учествува на денешната конференција на Косап, рече дела и власта треба да има предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е најсилната политичка партија во Парламентот и нивното остсуство е многу проблематично, особено кога се работи за секојдневната работа во законодавниот дом.

-Владата и коалицијата на власт има одговорност да направи опозицијата да се чувствува комотно и активно и да и се даде шанса, особено за стратешки прашања што всушност недостасува во овој момент. Имам големи очекувања од процесот ‘Жан Моне’, но тој најверојатно ќе почне во март, но тоа нема да биде во Париз. Одлуките и заклучоците ќе се донесат во Собранието, рече Вајгл.

Европратеникот Петерле на Твитер: Одлична дискусија со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев,  при посетата на Брисел која се одржа на крајот од минатиот месец, остварија средба со пратениците во Европскиот парламент Иво Вајгл и Едуард Кукан и пратениците, Маријана Петир и Алојз Петерле кои се дел од групата „Пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент“.

-Европратениците Петир и Петерле ја потврдија  поддршката за Македонија и дека и понатаму ќе продолжат со нивните заложби  да и се помогне на земјата конечно да ги почне пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ. На средбите беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена целосно да се ангажира за да придонесе за побрза интеграција на Република Македонија во рамките на Европската Унија. Исто така беше нагласено дека за надминување на  разликите во однос на клучните процеси во државата потребна е конструктивност од страна на власта и политички дијалог со сите политички чинители во земјата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратени по посетата.

Со свое видување за средбата на својот Твитер профил се огласи и европратеникот Петерле, кој ја поздрави одличната дискусија.

-Одлична дискусија попладнево со Христијан Мицкоски, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Ние се согласивме дека ќе биде потребно поголемо помирување за да се засилат европските амбиции на Македонија, напиша Шетерле.

loading...

Поврзани статии