ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на СДСМ ги урива сите граници, СДСМ ја навреди целата македонска дијаспора дека е примитивна

Правдата во Македонија мора да го замени лицемерието на СДСМ и селективниот политички прогон, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ ја навреди целата македонска дијаспора дека е примитивна и ја поистовети со еден изолиран случај само затоа што иселениците имаа храброст да го кренат гласот против антидржавните политики на Зоран Заев. Истиот тој Зоран Заев пред две години се смееше, ликуваше и аплаудираше кога хулигани дивееја, палеа фотографии од Претседателот Ѓорге Иванов и демолираа институции. Во однос на политички притворените патриоти за 27-ми април, истиот тој Зоран Заев изјави дека немал намера да влијае врз судовите, а претходно бараше ослободување од притвор на сите невини, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека лицемерието на СДСМ ги урива сите граници.

-Додека се водат антидржавни политики, се етикетира и се шиканира секој кој размислува различно од владејачката структура. Оваа недемократска власт се поигра со судбините на десетина патриоти кои застанаа јавно против штетните политики на Зоран Заев и за нивната смелост лажно се обвинети за тероризам. Десетина патриоти неосновано се обвинети и се наоѓаат во притвор без за тоа да постои реална причина. Загриженост за владеењето на правото покажаа и Народниот правобранител и Комесарот за човекови права при Советот на Европа, но за притиснатото судство тоа не е доволна причина да почнат да го применува правото, се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека политички се прогонува секој што не се согласува со криминалното дејствување на владата на СДСМ, а за таа цел се користат институциите на системот.

-Обвинителството е насочено исклучиво кон гонење на монтирани дела по нарачка на СДСМ, додека за гонење на криминал го нема. Правосудните органи мора да се издигнат над ситуацијата и да почнат  да го применуваат правото. Република Македонија не смее да биде единствената држава во Европа во која во 21 век постојат политички затвореници. Република Македонија мора да стане држава каде владеењето на правото ќе биде основен принцип на правосудниот систем и со тоа нема компромиси. Сите институции и општествени чинители мора да работат во таа насока, нагласуваат од партијата.

loading...

Поврзани статии

Leave a Comment