Архитектонско чудо: Енергетски одржлив хотел на Арктичкиот Круг

loading...

Кога се доближувате до крајбрежјето на Хелгеланд во северна Норвешка не може да го промашите глечерот Свартисен излеан среде планината Алмлифјелет. Долу во фјордот  Холандсфјорден што е дел од Норвешкото Море, се одразува сината планина како во огледало.

Во оваа чиста природа ќе го најдете „Svart“, хотел што ќе биде првиот енергетски одржлив хотел во светот кога ќе отвори во 2021 година.

Дело на меѓународната архитектонска компанија „Snøhetta“ и во сопственост на Arctic Adventure of Norway и компанијата за недвижнини MIRIS, футуристичкиот кружен хотел ќе ја користи геотермалната и сончевата енергија за произведување на вишок соларна енергија што ќе се пренасочува назад во мрежата.

„Природата на Арктикот е деликатна и недопрена. Мора да ја почитуваме природната убавина на ова место и да не го уништиме она што го прави Свартисен атракција.

Со создавањето на оваа енергетски одржлива градба сакаме да поттикнеме поголема масовност во одржливиот приод кон туризмот, така што луѓето ќе станат посвесни за начинот на кој ги доживуваме егзотичните локации“, вели Зенул Кан, проект менаџер на „Svart“ на „Snøhetta“.

Како Powerhouse градба, хотелот по дефиниција „ќе произведува повеќе обновлива енергија (во својот животен век) отколку што ќе користи за материјали, производство, работење, реновирање и рушење.“

Powerhouse е групација норвешки невладини организации и компании, како „Snøhetta“, посветени на енергетски одржливи градби. „Svart“ е првиот хотел на групацијата.

„Хотелиерите мора да ја преземат оваа одговорност и да се осигураат дека и туристите ја сфаќаат нивната улога кога престојуваат на локација како оваа“, велат од групацијата.

loading...

Поврзани статии