ЗА РАЗВРАТОТ И АБОРТУСОТ-Архимандрид Рафаел Карелин

loading...

Прва земја во која е дозволен и легализиран абортусот била Советска Русија за време на револуцијата, а пионер на ова дело – Владимир Уљанов (Ленин). На злосторствата и екцесите на револуцијата и граѓанската војна која оставила милиони бескуќници и напуштени деца, придодадено е уште и правото да се убиваат и неродените деца. Меѓутоа, уште пострашно е што законот кој се вовел во Русија не предизвикал ужас и гадење кај другите народи, туку станал пример за следење. Во текот на 20 век, поголемиот број држави донеле закон за целосна или делумна легализација на абортусот. Значи , ова гнасно злосторство во свеста на луѓето на 20 век и законодавството на земјите, кои се гордеат со својата цивилизација, прераснало да биде злосторство.
Зошто абортусот имал толку приврзаници и заштитници?
Зошто не се организираат демонстрации против ова злосторство, туку против ограничувања кои законот се уште ги предвидува?
Зошто ЖЕНИТЕ БАРААТ ПРАВО на убиство на своето дете?
Зошто лекарите стануваат касапи?
Најодвратно е тоа што луѓето кои себе си се нарекуваат христијани, не бараат само државата, туку дури и од Црквата дозвола за абортус, ЗА УБИВАЊЕ НА ДЕЦА – овој Иродов грев се извршува со мирна совест, поточно со МРТВА СОВЕСТ.
Што се случило со човештвото? Зошто се нашле толку приврзаници за абортусот?
Зошто не можат да им се спротивстават државните структури, дури ни оние кои се познати по својата конзервативност?
Зошто се подриени столбовите на палатата на правдата?
Со кој микроорганизам, кој личи на бацилот на чумата, е заразен општествениот морал- ова незванично законодавсто? Ни се чини дека овде постои цела низа на причини, кои личат на карики во синџир.
Прва причина е духовното осиромашување на човештвото, во кое самата религија не е веќе внатрешна содржина, туку само традиционална форма под која се крие празно срце и прагматичен разум !
Втора причина е недостатокот на љубов меѓу луѓето, душевно студенило кое ја фрла нашата земја (и нашата Македонија исто така) во некакво ново ледено доба! Луѓето меѓусебе се разделени со некоја невидлива сила…
…………..
Човекот се стреми кон конфор, навикнал техниката се ` да работи наместо него, а детето само го ремети овој комфор….
Човекот се`повеќе станува сексуално суштество. Сексот е еден од факторите на онечовечување на човекот, тој носи во себе потенцијал на суровост. Семејството и раѓањето деца го попречуваат сексот бидејќи поставуваат пред човекот низа обврски и задачи, а човекот сака да биде слободен од одговорности и должности.
Полесно му е на човекот да практикува чедоморство кога ќе се навикне на мислата дека е само сксуално суштество!
Треба да се каже дека средствата за јавно информирање , особено телевизијата, ја одиграа негативната улога во процесот на дехристијанизација и онечовечување на општеството. Сликите на секс и убиство станаа вообичаени; луѓето на нив се навикнуваат како што човекот се навикнува на смрдеа ако се затвори во свињарник.
Борбата против чедоморството треба да биде борба против раскалашноста, порнографијата и развратот заради препород на човечката личност. Секако , добро е ако оваа борба може да се потпре на државните и општесвените структури, но пред се`, треба да ја води човекот – христијанин во својот живот, во своето срце. Тоа е човечката борба за самиот себе.
………..
Зборуваме за борба против чедоморство, но во поширока смисла – тоа е враќање на човештвото од култот на сладострастие и богатење, како од пагански идоли кон Христа, кон Неговата вечна , тивка светлина.

loading...

Related posts