Секој четврт маж смета дека е во ред шефот да очекува секс од вработените

loading...

Светот вчера го одбележа Меѓународниот ден на жената. Иако има голем напредок во насока на подобрување на правата на жените и засилено се работи на подобрување на родовата еднаквост и изедначување на платите за мажите и жените за иста работна позиција, прашањето за дискриминација на жената на работното место и нејзиното третирање како сексуален објект за жал уште е актуелна тема и проблем со кој се соочуваат жените ширум светот.

Резулатите од најновите истражувања укажуваат на шокантни факти. Речиси една четвртина од мажите во осум земји сметаат дека е прифатливо работодавецот да очекува вработената да има секс со него, покажаа резултатите од анкетата на непрофитната организација CARE.

Ова е само едно од фрапантните сознанија до кои дојдоа истражувачите по спроведувањето на анктетата чии резултати беа објавени вчера.

Меѓу другите вознемирувачки статистички податоци е следново: Во Еквадор, 21% од мажите на возраст од 18-24 години сметаат дека е во ред да бакнат колешка на забава од работа без нејзина дозвола, додека во Велика Британија 35% од мажите на возраст од 25 до 34 години сметаат дека е во ред да ја штипнат колешката за задник на шега.

Заклучокот? Сексуалното вознемирување на работното место е  глобална епидемија што дури сега почнува да излегува на виделина. Особено во индустриите  и делови од светот каде законите и ставовите треба допрва да се менуваат, има долг пат до реализирањето на родовата еднаквост.

Мишел Нун, претседателка и главна извршна директорка на CARE, за списанието Fortune вели дека сексуалното вознемирување на работното место уште не е противзаконско во една третина од земјите ширум светот. Токму затоа CARE ја повикува Меѓународната организација за труд да се формулираат нови глобални регулативи за „олободување од насилството на работното место“.

Новото истражување што го спроведе „Harris Poll“ опфаќа податоци од 9.408 возрасни испитаници од Австралија, Еквадор, Египет, Индија, Јужна Африка, Виетнам, САД и Велика Британија.

Портпарол на CARE рече дека овие осум земји биле избрани како глобален примерок бидејќи се пресек според географска локација и ниво на развој.

loading...

Поврзани статии