Симптоми дека имате недостиг на витамин Ц

Витаминот Ц е неопходен за здрава кожа, коски, крвни садови, заби и за целиот имунитет на организмот.

Првите симптоми дека имате недостиг на витамин Ц се умор и чувство на слабост, болка во мускулите и зглобовите, појава на модрици или мали точки на кожата.

Како симптоми се јавуваат и сувост на кожата, поголема кршливост на влакното на косата, крварење и болка во непцата, крварење од нос, тешкотија при лечење на инфекции, губење на заби и нагло губење на тежина.

Најдобра дијагноза за недостиг на витамин Ц може да ви даде лекар, па ако забележите некои од овие симптоми, вклучете во исхраната намирници богати со витамин Ц како: портокали, лимони, цитрони, боровинки, малини, капини, диња, лубеница, киви и зеленчук како пиперка, спанаќ, домат, карфиол прокељ и брокула.

Може да земате и таблети витамин Ц како додаток во исхраната, но сепак посоветувајте се со лекар колку долго и колкави количини дневно треба да внесувате, особено ако истовремено ја збогатите исхраната со намирници со овој витамин.

loading...

Поврзани статии

Leave a Comment