Академија Силотер ги додели сертификатите за ракувачи на градежни машини (ФОТО+ВИДЕО)

Денес во просториите на Академија Силотер беа доделени Сертификатите за ракувач на градежни машини на кандидатите кој го положија 4 месечниот курс ,со кој  кандидатите имаа теоретска и практична настава на крајот заокружена со полагање на завршен испит во реални работни услови , а  истиот  беше во соработка со АВРМ  Струмица и Академија Силотер.

Со стекнатите сертификати и успешната имплементација на обуката ракувачи со градежни машини, АВРМ и Академија Силотер заокружија една успешна приказна за вработвање.

Имено од Градежните компании Силотер и ДГТ  Жикол  како резултат на стекнатите вештини за ракувачи на градежни машини , на 6 лица од вкупно 9 им е понудено вработување веднаш.

Преку активните мерки за самовработување во соработка со Агенцијата за вработување од Струмица, мерка 3.Б.Б 2017 година, од почетокот на Ноември минатата година се до крајот на Февруари оваа година се вршеше обука на невработени лица кои се стекнаа со сертификати за завршена обука за Ракувач со багер, утоварни машини и булдожер.

Обуката траеше вкупно 4 месеци , со вкупно 300 школски часа од кои 230 часа беа предвидени за практична настава, 60 часа беа предвидени за теоретска настава и 10 часа за полагање на завршен испит во реални работни услови.

Преку оваа обука со сертификати се стекнаа вкупно 9 лица, кои покажаа задоволителни резултати. За лицата кои ја завршија оваа обука можеме да кажеме дека се целосно оспособени за Ракување со багер, утоварни машини и булдожер, дел од нив ќе имаат можност и да останат на работа, а на останатиот дел им посакуваме успешно вработување.

Во прилог изјавите на Елена Ристова – Раководител на Академија Силотер ,Ристо Ангелов -Раководител на Центар за вработување во Струмица и кандидат кој се здоби со сертификат за заваршена обука за ракувач на багер Здравко Зелнички.

Елена Ристова – Раководител на Академија Силотер

 

Ристо Ангелов – Раководител на Центар за вработување Струмица

 

 

Кандидат кој се здоби со сертификат за заваршена обука за ракувач на багер Здравко Зелнички.

 

На сите вклучени во овој проект им посакуваме успех и уште поголема соработка во иднина со цел да имаме квалификуван кадар кој одговорно и со знаење ќе може да настапи на пазарот на трудот .

www.media24.mk

 

 

loading...

Поврзани статии

Leave a Comment