Лупевска: Ми ја забранија новата епизода на „КОД“ да се емитува во целост

loading...

Лупевска: Ми ја забранија новата епизода на „КОД“ да се емитува во целост

Новинарката и уредничка Снежана Лупевска Созен објави дека вечерва била информирана дека новата епизода на емисијата „КОД“ нема да биде објавена во целост. Во емисијата, како што вели Лупевска, се прикажани трагичните судбини на двајца работници.

,,Вечерва се соочив со уште еден притисок кога бев информирана дека новата епизода на „КОД“ нема да биде објавена во целост. Во емисијата ги прикажуваме трагичните судбини на двајца работници. Едниот од нив умрел во фабричката хала кога го згмечиле котури а другиот останал без двете раце при повреда на машината на која работел. И двата случаји тапкаат низ судските лавиринти со години. Александар е мртов а Христијан е без рака но се надева на вештачка за која во моментов нема финансиски средства. Почитувани пријатели, од етички, морални, но пред се човечки причини, решив, и покрај можните последици за мојата кариера и работа во телевизијата, на мојата ФБ страница да ја објавам целосната емисија, со првиот прилог, така како што беше направена и таква каква што требаше да ја погледнете. Јас останувам на страна на вистината и искрено се надевам и верувам дека оваа емисија ќе допре до сите вас и заеднички ќе им помогнеме на семејството на Александар, на Христијан“, напиша на Фејсбук Лупевска.

 

loading...

Related posts