Незадоволни членови од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат фракција?!

loading...

ФРОДЕМ и членови на внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе настапуваат како фракција во ВМРО-ДПМНЕ.

Со таквото дејствување ќе придонесле да и се помогне на партијата да стане реална и јака опозиција а не да глуми опозиција.

Ова фракција за секое прашање ќе има свој конкретни ставови и ќе се залага за нов избор на ново раководство со кој ќе се помогне на ВМРО-ДПМНЕ да стане силна и јака партија а не да глуми некакви реформи внатре дека прави и дека прави процес на демократизација.

За тоа дека нема ништо ново од реформите и демократизацијата бил примерот со последниот конкурс за избор на претседатели на општинските комитети како досегашните избори и по стариот статут и генерално реизбор на постоечките претседатели кој се во моментот.

Пратеничката од првиот парламентарен состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ,Ѓулистана Марковска побарала од сегашниот Претседател Мицкоски ,да г промени статутот со кој ќе се дозволи незадоволните партиски членови да може да дејствуваат како фракција која досега не е дозволено фракционерство во партијата.

Во фракцијата која е најавена освен незадоволни членови од сегашното раководство имало и пратеници без да кажат за колкава бројка станува збор.

Инаку во ВМРО-ДПМНЕ од партиски извори дознаваме дека најдоцна до мај ќе бидат сите 75 претседатели ќе бидат поминати и избрани и статутот до тој временски рок најавуваат дека ќе биде готов.

Денеовиве Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе оствари повеќе средби низ градовите со сопственото членство ,а како што дознава нашиот веб портал од денес и до крајот на оваа недела прва за посета ќе биде Општина Струмица,Ново Село,Василево,Радовиш,Босилово .

 

 

 

loading...

Поврзани статии