„Black Panther“ заработи повеќе од милијарда долари на светскиот боксофис

loading...

За неполн месец од светската премиера, „Black Panther“ веќе успеа да заработи една милијарда долари, без притоа ниту еднаш да биде симнат од првото место на боксофисот.

И оваа недела, како апсолутен првак на светскиот боксофис се покажа филмот на студиото Marvel, кој успеа да се издигне над силната конкуренција и уште еднаш да заработи повеќе од сите филмови за време на викендот.

Иако овој викенд „Black Panther“ доби поголема конкуренција од претходните неколку недели во филмовите „A Wrinkle in Time“ и „Strangers: Prey at Night“, сепак заработи завидни 41 милион американски долари и повторно се најде на врвот на боксофисот.

Веројатно најголемото разочарување викендов го приреди новиот филм на Шарлиз Терон и Дејвид Ојелово, „Gringo“, кој не успеа да заработи ниту 3 милиони долари во првиот викенд од прикажување и не се пласираше во топ 10 филмовите со најголема заработка.

Целосната листа на филмови со најголема заработка за минатиот викенд изгледа вака:

  1. Black Panther – 41,1 милиони долари
  2. A Wrinkle in Time – 33,3 милиони
  3. Strangers: Prey at Night – 10,4 милиони
  4. Red Sparrow – 8,1 милиони
  5. Game Night – 7,9 милиони
  6. Peter Rabbit – 6,8 милиони
  7. Death Wish – 6,6 милиони
  8. The Hurricane Heist – 3,1 милиони
  9. Annihilation – 3,1 милиони
  10. Jumanji: Welcome to the Jungle – 2,7 милиони
loading...

Поврзани статии