Дали секогаш ја кажуваме вистината,  дали е добро тоа што го кажуваме  и корисно?

loading...

Дали тоа што го зборуваме е вистинито ,добро и корисно за нашите пријатели и дали има потреба ако не е?

Во стара Грција Сократ имал репутација да го одржува знаењето на високо ниво.

Еден ден шетајки се по патот ,сретнува познаник кој го прашал: „Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?„

„Почекај малку„ – Сократ му одговорил. „ Пред да ми кажеш било што за мојот пријател,можеби е добро да провериш дали треба да ми го кажеш тоа.

Првиот критериум на проверката  нека ти биде вистината.  „ Дали си сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател е апсолутна вистина?„ -го прашал Сократ на познаникот. – „ Па не,не сум сигурен,всушност тоа го слушнав само за него и…„

„Во ред„ одговорил Сократ. „ Значи не знаеме дали е ова вистина или не. Ајде сега да го испитаме и вториот критериум за дали станува збор за добра вест за мојот пријател . Дали сакаш да ми кажеш нешто добро за мојот пријател?„

„Уф…Не,напротив….„

„Значи„ Сократ продолжи со разговор „сакаш да ми кажеш нешто лошо за мојот пријател,и не си сигурен дали е тоа вистина.Остана упте еден критериум -критериум за корисност. Дали тоа што ќе ми го кажеш за пријателот ќе ми косристи за нешто?„

„Не,не баш.„

На крајот ,Сократ заклучи: „Сакаш да ми кажеш нешто што не е вистина,ниту е добро и не е корисно. Зошто тогаш воопшто би ми го кажал тоа?„

Дали секогаш ја кажуваме вистината,  дали е добро тоа што го кажуваме  и корисно?

loading...

Поврзани статии