Дали ќе се разбираме како Клингонци и Ромуланци?

Законот за јазици ќе отвори можност студенти да поднесуваат апликации, трудови на јазик кој не го разбираме, дали ова значи дека професори и студенти ќе комуницираат со преведувач, запраша вечерва професорката Билјана Ванковска во емисијата „Само вистина“.

„Читам вчера некоја колумна дека постоеле некакви уреди кои ќе се ставаат во уши кои веднаш овозможуваат превот. Каде ќе одиме, Ѕвездени патеки и ќе се разбираме како Клингонци и Ромуланци?“

Говорејќи за контроверзмиот Закон за јазикот таа вели дека тој воопшто не требало да биде предложен во Собранието со европски знаменце.

„Најмалку што требаше да направи спикерот Талат џафери е да го врати, а најмалку што треба да се направи сега е некој да поднесе интерпелација за претседателот на парламентот, вели Ванковска.

Законот се донесува со недемократска процедура и води кон сегрегација а не кон интеграција во општеството.

loading...

Поврзани статии

Leave a Comment