Митрополит Наум – втор македонски владика на МПЦ
Браќа и сестри Македонци, предадени сме или поточно продадени сме!
March 13, 2018
Мицкоски со порака до СДСМ: Да се избегне девијантно однесување и насилно донесување на Законот за јазици
March 13, 2018

Митрополит Наум – втор македонски владика на МПЦ

loading...
mitropolit-naum

Митрополит Наум (1906 – Штип, 27. XI 1977) e  втор владика Македонец, хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. По Ослободувањето активно е ангажиран во организирањето на самостојниот црковен живот. Бил еден од првите членови на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква. На Црковно-народниот собор во Охрид (1958) бил избран за архијереј. По неговиот избор и хиротонија од тогашниот блаженејш и архиепископ Доситеј и Преспанско–битолскиот епископ Климент, бил архијереј на Злетовско– струмичката епархија.

Митрополит Наум е роден во битолското село Бистрица во 1906 година (според друг извор роден е во 1912 година во Битола). Неговото световно име е Томо Димовски. Во 1930 година, Томо завршил Богословија и примил свештенички чин. Служел во кичевското село Козица и во Битола, каде што бил и вероучител. Кратко време бил архијерејски намесник и заменик.

По Втората светска војна, Томо Димовски како православен свештеник активно бил ангажиран во организирањето на самостојниот црковен живот. По ослободувањето бил еден од првите членови на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква и еден од најистакнатите поборници за нејзина афтокефалност.

Поовремено застапувајќи поумерени ставови Тома бил назначен за прота, а потоа и за архиерејски заменик во Охридско-битолската епархија. Иако бил мирски свештеник, од Иницијативниот одбор во Скопје бил предложен за владика.

По донесувањето на одлуката за обновување на Охридската архиепископија на Црковно-народниот собор во Охрид во 1958 година, епископот Топлички Доситеј (по потекло од Маврово) бил избран за митрополит на МПЦ.

Одлуката за самостојност на Македонската православна црква била потврдена преку заедничка Литургија со српскиот патријарх Герман на 19 јули 1959 година во црквата Цвети Мина во Скопје, каде во прусуство на епископите Никанор Бачки, Симеон Горнокарловачки и Висарион Банатски бил хиротонисан преспанско-битолскиот владика Климент.

Со тоа Светиот Архирејски Синод на СПЦ и дал самостојност на Македонската православна црква, денес МПЦ- ОА. Во меѓувреме Томо Димовски се замонашил и го зел името Наум.

Неколку дена по хиротонијата на владика Климент, на 26 јули 1959 година, во црквата Свети Никола во Штип, тогашниот блаженејш и архиепископ Доситеј и Преспанско–битолскиот епископ Климент ја извршиле хиротинија на Наум Димовски за владика на Злетовско – струмичката епархија,

Со хиротинијата на вториот македонски владика, владиката на Злетовско – струмичката епархија Наум, конечно бил конституиран Синодот на Македонската  православна црква.

Во 1960 година владиката на Злетовско – струмичката епархија Наум бил во Австралија, а повеќепати ги посетувал македонските цркви во Америка и во Канада, помагајќи во организацијата на црковниот живот на македонската емиграција.

Во 1967 година владика на Злетовско – струмичката епархија Наум учествува во прогласувањето на афтокефалноста на Македонската православна црква.

Владика на Злетовско – струмичката епархија г. Наум починал 27 ноември 1977 година во Штип.

loading...
Loading...