Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во работна посета во Струмица ( Видео + Фото)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес е во посета на Струмица и најавената теренска работа ја започна со младите со кафе дружба и запознавање одблиску со проблемите на младите кој подеднакво ја споделуваат грижата за случувањата во нашата држава .Невработеноста и безперспективноста се главниот проблем не само на младите во Струмица,туку генерално низ целата држава. Мицкоски како нов Претседател на ВМРО-ДПМНЕ високо се залага за подобар третман и шанса за развој на младите.

Во младите гледам огромен потенцијал и енергија ,тие се нашата иднина ,и заеднички треба да се избориме за подобра Република Македонија -им пренесе на присутните и дека ја имаат секогаш неговата поддршка.

За вечерва Претседателот Мицкоски најави средба со членовите на ОК ВМРО-ДПМНЕ ,активистите и симпатизерите во 20:30 час. во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица каде упати покана до секој кој може да дојде и одблиску да се запознаат со политиките кој се планираат да се преземаат,  ставот на партијата за актуелните прашања , одблиску да се пренесе до базата, и идните чекори за сите важни прашања пред кој партијата во моментот е соочена ,како на внатрешен план внатре,со многубројните работни средби кој ги имаше Претседателот низ нашите пријателски земји во светот, како и со идното  дејствување на ВМРО-ДПМНЕ  во Собранието.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ и новинарите даде изјава предлагаме да ја погледнете :

www.media24.mk

 

 

 

 

 

loading...

Поврзани статии

Leave a Comment