Цукерберг поканет следната недела на сослушување во ЕП

loading...

Дали Цукеберг ќе заврши взатвор или ќе биде приморан да ја продаде компанијата е само прашање на време кога ќе се случи едно од тоа.

Европсккиот парламент денеска упати официјална покана до извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг следната недела да сведочи пред неколку парламентарни комисии во Стразбур, соопшти портпаролот на ЕП.

Независно од тоа дали поканата ќе биде прифатена, ЕП на пленарна седница ќе расправа за случајот со незаконско споделување податоци на социјалната мрежа со фирмата „Кембриџ аналитика“.

Портпаролот истакна дека не се предвидува усвојување резолуција за ова прашање.

Претходно неделава, Цукерберг имаше дводновно сослушување во Конгресот на САД, при што призна дека споделувањето лични податоци било грешка и се извини за случајот.

loading...

Related posts