Мицкоски во Софија оствари средби со Хан, Курц и Туск

Во рамките на самитот на Европската народна партија во Софија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Резиденција Бојана оствари средби со Јоханес Хан и Себастијан Курц. На билатералната средба со комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, кој воедно е и потпретседател на Европската народна партија, Мицкоски разговараше за повеќе актуелни теми поврзани со евроинтеграциите на Република Македонија, како и за вкупните политички состојби во Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше Хан за актуелните случувања во Република Македонија, за економските движења, за политичката состојба, како и невклучувањето на…

Укинати притворите на Едмонд Темелко и Оливер Поповски

Укинат е притворот на екс началникот во МВР Оливер Поповски кој е обвинет за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, како и на градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко, обвинет во предметот на СЈО „Титаник“. За укинување на притворите за двајцата понудена е гаранција во недвижен имот, а судот побара и мерка претпазливост, односно да се јавуваат еднаш неделно во судот, како и одземање на патните исправи. – Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлог на одбраната на Поповски, опфатен…

КУРИР: Самка се лути затоа што Амди влезе во Влада

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) се оградува од пристапувањето на Сојузот на Ромите на Амди Бајрам во Владата, поради тоа што „злоделата направени кон партијата не се забораваат така лесно“. -ПЦЕР е сериозна партија и 10 години е лојален кон СДСМ и од осамостојувањето до денес, 25 години е во коалиција со СДСМ. Во 2011 година на парламентарните избори партијата на Амди Бајрам со неговото членство на денот на молкот физички го нападна нашиот лидер Самка Ибраимоски и при тоа му нанесоа тешки телесни повреди. Два дена пред молкот…

Мицкоски оствари средба со претседателот на ЕПП, Џозеф Дол

Од страна на претседателот на Европската народна партија, Џозеф Дол беше поздравена и недвосмислено беше искажана поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на самитот на Европската народна партија оствари средба со Џозеф Дол, претседателот на ЕПП. На состанокот Мицкоски го информираше претседателот на Европската Народна Партија, господинот Дол, за актуелните случувања во Република Македонија, за тешката економска ситуација во која што се наоѓа нашата земја, за негативните резултати кои што ги постигнува нашата земја, за отсуството на реформи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан…

ВМРО-ДПМНЕ обзнани уште едно скандалозно ангажирање на советник на Заев

Премиерот Зоран Заев и криминалниот картел на власт не работат во интерес на граѓаните и државата, туку само за себе и бизнисите на своите блиски. Буџетот и државните институции им служат единствено за задоволување на партиските потреби и исплата на долговите и обврските што ги презеде Зоран Заев пред изборите, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. -Молкот на Заев и Владата не ја амнестира власта од одговорност за отчет пред граѓаните дали со нивните пари плаќа советници кои имаат криминални досиеја и имаат проблем со органите на…

Васко Белески – Пратеници,паметот во глава!

Пратеници, паметот во глава! За Заев веќе знаеме, како и зошто е донесен на власт, и неслучајно амбасадорите го викаат “one-issue Prime minister”. Според досега виденото, Заев од свои лични, судски и политички побуди треба да се согласи на грчкото барање за промена на името . Но, ниеден договор за името на државата Република Македонија не може да се оствари без гласот на пратениците во Собранието, без Претседателот на државата и без народот на референдум. Во Претседателот Иванов и во народот имам верба, но гледајќи како некои пратеници менуваат собраниски фотељи…

За Македонците многу е поважно името од члентсвото во ЕУ и НАТО

Доста не лажевте за ЕУ и НАТО! На народот му е доста од лагите на оваа власт дека ако се реши проблемот што го има Грција со нашето име на земјата ќе стане членка на ЕУ и НАТО. Исто така, на оваа власт треба да им стане јасно дека името на земјата за Македонците е многу поважно од члентсвото во ЕУ и НАТО. Власта насекаде говори за својата транспаретност, но кога е во прашање процесот за надминување на разликите околу името со Грција, таа е затворена. Така, шретседателот Ѓорге Иванов…

При своето национално конституирање, Македонците наишле на странските пропаганди

Романтизмот во докажувањето на македонската инивидуалност е тесно поврзан со развојот на македонската национална мисла и конституирањето на македонската нација. При своето национално конституирање, Македонците наишле на странските пропаганди, кои ја негирале самобитноста на македонскиот народ и затоа младите македонски дејци се свртеле кон Романтизмот како средство за разграничување од грцизмот и бугаризмот, докажувајќи дека Античките Македонци се Словени, што преставувало антиисториско тврдење. Повикувањето на Античка Македонија било дистанца од Бугарите, а словенскиот корен на Античките Македонци било дистанцирање од Грците, како одговор на нивните посегања кон Македонија и кон…

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија под водство на СДСМ забрзано оди кон банкрот

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека власта не знае да ја води државата. Република Македонија под водство на СДСМ забрзано оди кон банкрот. Министерството за финансии вчера се задолжи за над 16 милиони евра, тоа е второ задолжување во текот на месец мај, откако минатата недела власта позајми 9 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Неоснованото задолжување, допринесе јавниот долг да надмине 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди. Само во првите три месеци од годината ново генерираниот долг изнесува над 300 милиони евра, а при тоа нема ниту една капитална инвестиција, а економијата…

Кумуцакос: Промена на Уставот пред ратификација на договорот

Уставната промена не треба само да се предвиди, туку и да се примени во пракса пред ратификацијата на договорот, вели Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија. – Непрекршлив предуслов и основна гаранција за конечно решение на прашањето за името на Скопје е промена на нивниот Устав. Промена, што нема само да се предвиди, туку ќе биде применета во пракса пред ратификација на кој било договор, вели Кумуцакос, јави дописничката на МИА од Атина. Понижување во секој смисол претставува овој договор кој се појави во…