Зошто си оди министерот Алаѓозовски: Сите скандалозни промашувања на СДСМ во културата за само една година

Министерството за култура со реконструкцијата на Владата ќе добие нов министер, на местото на се уште актуелниот министер, доаѓа Асаф Адеми, како предлог од крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши. Министерувањето на Алоѓозовски, кој една година беше на позицијата министер за култура најмалку што може да се каже е неуспешно, тој од стручната фела и од опозициската партија беше обвинет за скандалозна годишна програма во културата за 2018 година. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека годишната програма на Министерството за култура е скандалозна, безидејна, неправична, популистичка и не поддржува рамноправен културен…

повеќе

Се остварува прогнозата на Мицкоски: Заев сега ја менува изјавата за Илинденска Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието на Република Македонија истакна дека за предлогот Република Илинденска Македонија, во спорот со името со Грција веќе нема да се дебатира. Одговорот на Заев следи по барањето од ВМРО-ДПМНЕ тој да каже какви можни предлози за имиња на Македонија се прифатливи, да бидат по принципот „ерга омнес“, односно за употреба и внатре и надвор од земјава. Премиерот уште еднаш ја нагласи и потребата за референдум по ова прашање. Но со оваа изјава на Заев очигледно се остварува прогнозата на претседателот…

повеќе

„Ние сме Македонија“ со условена поддршка за митингот на 2 јуни

Глобалното движење „Ние сме Македонија“ ги повика Македонците да излезат масовно на митингот на 2 јуни, но поддршката ја условува со барањето од организаторот ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно да каже дека е против промена на името на државата и за прекин на разговорите со Грција веднаш. „Глобалното движење #НиеСмеМакедонија ги охрабрува СИТЕ Македонци да ИЗЛЕЗАТ на протест на 2 јуни 2018 година. Македонците мора да се ОБЕДИНАТ и јасно и гласно да им кажат на СИТЕ политичари од СИТЕ партии дека НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА и НЕМА да признаеме никаква промена…

повеќе

Заев: Блиску сме до можно решение на спорот со името

Блиску сме до можно решение на овој процес, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање за разговорите за името на седницата за пратенички прашања. – Според мене, блиску сме до можно решение на овој процес и верувам дека треба да бидеме внимателни до самиот крај. Јас се трудам да информирам комплетно се до таму до каде не би го загрозил процесот. Верувам дека тоа го прави и грчката страна. Вчера дадов дел информациите.  Се трдиме навиистина да привршиме во соодветен момент за тоа да влијае на Советот на ЕУ,…

повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Да ѝ кажеме НЕ на оваа недемократска и ненародна власт- 2 јуни пред Владата сенароден протест (ВИДЕО)

Една година СДСМ, една година лаги, расипништво и економска катастрофа. Република Македонија економски тоне, во услови кога цела Европа бележи раст, нивото на раст на БДП кај нас е 0%. Повисоки пензии нема, а просечната плата во февруари во однос на јануари оваа година е помала за 900 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Градежништвото кое влече околу 20 придружни индустриски гранки е во пад. Бројот на издадени градежни дозволи во март оваа година е за 45% помал во истиот период лани. Власта не работи за граѓаните, туку за бизнис картелот на…

повеќе

Неуспеси во низа: Дескоска и СДСМ неславно заминуваат од образование

Претепани ученици, претепан професор, малолетници со убодни рани од нож и тешки телесни повреди, катастрофална ситуација во студентските домови- нема топла вода, не работат лифтовите… Со вакви информации за состојбата во ресорот образование заминува министерката Рената Дескоска, а и СДСМ, и го препушта на ДУИ и Арбр Адеми. БЕЗБРОЈ ИНЦИДЕНТИ Ученик во основно училиште во Битола кон средината на април беше нападнат од хигиеничарот по што се здобил со тешки телесни повреди. Додека ученикот го чекал својот наставник, турнал лименка од прозорецот, кога хигиеничарот почнал да му вика и да…

повеќе

Снимка од брутално убиство во Подгорица на газдата на дискотека „Beagle“ Миодраг Крушчиќ

Српски „Курир“ објави снимка од бруталната ликвидација на Миодраг Крушчиќ, сопственик на популарната дискотека Beagle, кој беше застерлан во населбата „Стари аеродром“ во Подгорица. На снимката може да се види крупен човек, облечен во црно, со качулка на главата и силиконска маска на лицето, кој се приближува на масата каде Миодраг седи со новинарка од „Вјести“ и пука во него. Крушчиќ, кој го забележал како доаѓа, станува од масата, но убиецот веќе пука во него. За решителноста на убиецот најдобро зборува и фактот дека Крушчиќ, повреден, се обиде да избега,…

повеќе

Научна конференција за можни закани по безбедноста во Македонија

Афирмирање на општите утврдени безбедносни вредности, врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста е целта на денешната научно-експертска конференција на тема насловена „Безбедноста од аспект на внатрешните актуелни состојби и глобалните асиметрични закани“. На Конференцијата, која е во организација на Клубот на генерали, Дипломатскиот клуб на Македонија, Балкански форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, ќе се дискутира како преку дебатата, идеите, опциите и конкретни заклучоци да се укаже на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и…

повеќе

Тешко повреден работник, му паднала цигла на глава од 4 спрат

Околу 15:30 часот на ул. „ЈНА“ во Гостивар, во станбена зграда во изградба, при подигање на цигли со електрична дигалка од приземјето до четвртиот кат паднала една цигла која што го погодила по главата Д.П. од Република Албанија. Повредениот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил пренесен во Невролошката клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

повеќе

Тимотеј: МПЦ-ОА не се откажува од името „македонска“!?

Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА,  Владиката Тимотеј, вели дека се класични шпекулации пишувањата на дел од печатот, дека Македонската православна црква била решена да се откаже од „македонска“ за да биде призната како автокефална и дека тоа е побарано со писмо до Цариградската патријаршија. „Ние испративме писмо за решавање на статусот на МПЦ-ОА. Никој во МПЦ нема да се откаже, ниту барал какво било откажување од уставното име на МПЦ-ОА. Како некоја од грчките цркви нам ќе ни се обраќа е нивна работа, ние сме и Македонска православна црква и…

повеќе