Expres.mk – „Само Сонцето е постаро од Македонија“ – протести на Македонците низ Европа

Македонската дијаспора од Европа утре низ повеќе градови на стариот континент ќе го крене својот глас во одбрана на уставното име на татковината и на македонскиот национален идентитет, како и за итен прекин на разговорите со Грција. Македонската заедница од Германија утре во 13 часот ќе демонстрира пред Бранденбуршка капија во Берлин под мотото „Само Сонцето е постаро од Македонија“. Собирот ќе биде во знак на поддршка за сонародниците што вечерта од 20 часот ќе протестираат пред Владата на Македонија во Скопје. Антивладин протест и за поддршка на македонскиот народ…

повеќе

Втора смена има само во пет градинки во Македонија, МТСП ја посочи одговорноста кај општините

Тамара Петрушев ја продолжува борбата за отворање на втора смена во некоја од градинките во  Карпош. По сторијата на Сител дека оваа мајка во попладневните часови не може да работи бидејќи нема кој да и го чува едноиполгодишното дете, добила подршка од многу родители.  Ја контактирале телефонски и на социјалните мрежи и очекува до понеделник да собере 250 потписи за иницијативата. –Имам подршка, многу жени ме контактираат и тие сакат петиција за и во нивните градови да има втора смена во градинка и работна сабота. Фактички ние жените во 21…

повеќе

“Четвртиот блок“ започна кампања „контра“ менување на името на референдум

Се повеќе разочарани приврзаници на оваа и предходната влада и припадници на таканаречениот „Четврти блок“ кои што не се дел од некоја од политичките партии како СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ или Левица започнуваат спонтана кампања против менување на уставното име на референдумот кој го најави премиерот Заев за есеноска. Луѓе кои што до вчера тврдеа дека мора да се направи компромис за името или ги поддржуваа политиките на една или друга политичка партија спонтано реагираат на насилничкото однесување на Грција особено откако се виде дека и покрај преминувањето на црвените…

повеќе

Македонските студенти дадоа „црвен картон“ за името

Македонските студенти директно побарале Европа да ги почитува основните меѓународни стандарди во случајот со Македонија. „Ние студентите го кренавме нашиот глас против диксриминацијата и неправдите од ЕУ, НАТО, ОН и другите меѓународни организации. Директно побаравме Европскиот парламент да го почитува нашето основно човеково право – правото на самоопределување и да престанат да нè принудуваат да ги смениме нашето име и идентитет“, стои под видеото објавено на Фејсбук-страницата „Млади за Македонија”. Видеото е снимено од а1он.мк и макфакс.мк за време на протест за одбрана на името во Штип.

повеќе

До 2030 година во светот ќе има најмалку 125 милиони електромобили

Бројот на електрични превозни средства на светско ниво пораснал на рекордни 3,1 милион возила во 2017 година, но потребни се уште истражувања за тој број да се зголемува, изјави денеска Меѓународната агенција за енергетика. Кина придонела со 40 отсто од вкупнио светски раст лани во однос на предминатата година. – Последниве години се забележува динамично пазарно навлегување на електрични возила. Идните ангажмани за растечко навлегување на електричните автомобили од страна на политичарите и автомобилската индустрија ќе значи дека оваа тенденција нема да опадне до крајот на следното десетлетие, стои во извештајот.…

повеќе

Независен: Скопје и Атина се оддалечуваат од брз договор за името

Македонија и Грција се оддалечуват од можноста за договор за името во наредните денови, дознава „Независен весник“ од владини извори од Атина. Иако македонскиот премиер Зоран Заев го определи денешниот ден како последен за неговиот клучен разговор со грчкиот колега Алексис Ципрас, владини извори велат дека најверојатно и таа комуникација нема да се реализира во наредните денови. Како причина за тоа се наведува неподготвеноста на македонската страна да го испорача тоа што било договорено меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас, почетокот на оваа седмица…

повеќе

Двојна формула и за името на црквата?!

„Нека нѐ примат под името Охридска архиепископија, а ние и натаму ќе си се викаме Македонска православна црква. Ниту една црква признаена од Цариградската патријаршија нема национална додавка. На пример, Српската православна црква е запишана како Пеќска патријаршија, така што не е трагедија ако нѐ примат како ОА. Проблем е само како ќе реагираат српската и бугарската црква, оти едните нѐ сметаат за нивни, а другите ем за нивни ем себеси си се сметаат за наследници на Охридската архиепископија. Но, главниот збор ќе го има вселенскиот патријарх“. Вака црковни извори…

повеќе

Царовска: Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи за Владата

Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, прашана во однос на барањата од текстилната индустрија за субвенции за придонеси. Таа појасни дека на 1 мај заедно со Организацијата на работодавачи била презентирана мерката за субвенцинирање на сите плати меѓу 12.000 и 18.000 денари и дека тие како организација се согласиле и стојат на тоа. – Текстилниот кластер, кои се само еден дел од Организацијата на работодавачи излегоа на прес-конференција. Плати исплаќаат и исплатија минимална плата без да ги користат…

повеќе

Геоглифот од Овче Поле во емисијата Ancient Aliens на History Channel (ВИДЕО)

По научните истражувања, добиените резултати и објавените научни трудови, геоглифот во Канда, Овче Поле веќе е дел од светските свети места со посебни феномени, и чека разумно разоткривање на она што се наоѓа длабоко под него, без да се оштети формата на тумбата и контурите вцртани на нејзиното плато. Пред неколку денови ова свето место беше дел и од листата на светски геоглифи во емисијата Ancient Aliens на History Channel. Извор: Овчеполе.инфо

повеќе

Груби: Опозицијата да ги поддржи реформите и решавањето на спорот со името

Пратеникот на ДУИ Артан Груби даде поддршка на Владата и на изборот на новите министри, но од собраниската седница исто така ја повика опозицијата да ја даде својата поддршка и да се приклучи во реформите и во решавањето на спорот со името. По изборот, според Груби, оваа Влада настапила храбро и успеала да ја врати довербата на граѓаните во институциите, што е најголема нејзина придобивка. – Оваа Влада ја заврши политичката криза во Македонија. Веста во Извештајот на ЕК не беше позитивната препорака, туку завршувањето на политичката криза, рече пратеникот…

повеќе