Храна која го подобрува фокусот

loading...

Секој спортист ќе ви каже дека менталната сила е исто толку важна колку и физичката и исхраната. За среќа, режимот на исхрана може да се се испланира за да го одржува умот бистар, да го подобри фокусот, како и да гради мускули.

Еве според разни истражувања каква храна треба да внесувате во себе за што подобро ментално здравје

1) Лосос

Добро е познато дека масната риба како лососот е богата со омега-3 масни киселини кои се добри за мозокот. Покрај придобивките во врска со когницијата, оваа риба е и фантастичен извор на протеин, за што мускулите ќе ви бидат благодарни

2) Јајца

Јајцата се исклучително здрав дел од секоја исхрана – богати се со протеин, како и со важна хранлива состојка холин која на мозокот му помага да ја креира хемикалијата ацетилхолин, која е важна за многу функции на мозокот и нервниот систем.

Тие се и добар извор на витамините Б6 и Б12, кои исто така влијаат на здравата мозочна функција.

3) Зелен лиснат зеленчук

Само една порција лиснат зеленчук го забавува бавното природно намалување на когницијата поврзано со староста за 11 години, а причината за тоа се лутеинот и витаминот К (меѓу многуте други хранливи состојки) кои позитивно влијаат на здравјето на мозокот.

4) Куркума

Куркумата е богата со куркумин и има антиоксидантни својства, особено во комбинација со биберот кој ја зголемува неговата потенција. Суплементацијата со куркумин двапати дневно во период од 18 месеци води до значително зголемување на меморијата и вниманието, според една студија.

5) Авокадо



Секоја храна богата со незаситени масти е одлична за здравјето на мозокот – а во неа спаѓа и авокадото кое е богато со нив но и со витаминот Е, покрај уште 20 други витамини.

6) Кефир

Кефирот е богат со пробиотици, за кои научниците веруваат дека помагаат за забавување на ослабувањето на когнитивните функции. Покрај нив, тој е добар извор на протеин и калциум.

loading...

Related posts