Живот во затворен простор – да ги менуваме веднаш нашите навики!

loading...

Во моментот во цел свет се прават кампањи за прифатениот начин на живеење по цел ден во затворени домови,канцеларии и работни места со новите работни обврски кој се почесто од вработените и лугето бараат да седат во затворени простории а и после работа повторно се продолжува да се седи во затворен простор.

Ако мислите дека ова е минорна работа или небитна на големо се лажете зошто?

Ако добро направете математика колкав ден од денот го поминувате во затворен простор ,без разлика дали станува збор за лето или зима ќе дојдете до фрапантни показатели дека 60-80% сме заробени во своите удобни домови ,добро изолирани станови со изолација каде климата фрнчи и зима и лете или парно пука а вие сте на куси ракави зимно време ,бидејки така ви е супер.

Овие наши навики мораме подитно да ги менуваме бидејки докторите и науката со нивната анализа дошле до страшни показатели.

Новите болести пред се алергијата,астмата и проблемите со дишните патишта најголем дел се добиваат од добро изолираните станови и домови каде ,домашниот прав,влагата внатре е најголем причинител за овие болести.

Да не зборуваме за мускулатурата која од недвижење на телото е целосно оштетена од недвижење и седење во иста поза во поголем дел од денот ,оние кој работат со комјутери најчесто а времето е такво што денес сите работи ги поврзавме со компјутерите,причинител на скандилоза,главоболка,недостаток на вопздух во мозокот а со тоа е поврзано работата на мозокот и на срцето,главните мотори на човекот кој директно влијаат на животниот век.

Не сакаме да ги плашиме нашите читатели дека готово е ,но сакаме да ги предупредиме дека мораме да ги менуваме нашите секојдневни навики бидејки не ни останува ништо друго освен секоја прилика која ја имаме да ја искористиме да проветриме ,да го исчистиме нашиот дом,канцеларија,да ги фрлиме непотребните работи кој ни стојат без посебна причина внатре ,но и најважно да не заборавиме да пешачиме и барем еднаш доколку е можно да отидеме до најблиското место во природа за ефективно да подишеме чист воздух.

Разликата од внатрешниот воздух со надворешниот кога ни се вели дека надвор е загаден воздухот е тогаш разликата во воздухот е 50 пати позагаден и поштетен воздух дишеме внатре херметички затворени со новите ПВЦ системи и изолации одколку надвор каде наводно има загаден воздух.

Доколку не сакаме тоа да го правиме за нас секој еден треба да размисли за неговите деца и веднаш да презема мерки со кој би ја промениле ова наша навика која денешницата што поради пожешки,или поладни температури  го правиме но и нашите стресови кој ги носиме дома од работа ,за нашите деца да бидат мирни за да можеме да се одмориме  им дозволуваме многу време уште мали да бидат по 10 часови со телефоните,таблетите или компјутерите со неправилно држење на телото директно допринесуваме да бидат неправилно растени во најблага форма кажано. За депресијата,ансиозноста и ред други модерни болести кој директно влијае не излегувањето и недружењето со познаници,пријатели надвор од удобното катче е сосема друга приказна за која може со години да се пишува. Сакаме само да разбудиме во вас и мотивираме за појасна слика која е поврзана од се што напишавме досега ,а тоа е само еден многу мал придонес ако можеме барем да ве натераме да размислите посериозно за овие теми.

Ако со овие работи,почесто на чист воздух ,проветрување,чистење на станот,помалку домашен прав, и делот со исхрана ги споиме ,остануваат резултатите за нашето здравје по само овие два основа да имаме подобро здравје и почист и поздрав живот за нас и нашите најмили.

Овие теми се суштината со кој треба да ја дигаме нашата свест за постоењето ,овие работи ако ги практикуваме секојдневно да ги намалуваме последиците ,верувале или не го продолжуваме животот на сите наши најмили и на самите себе за 50% да имаме подолг живот. Можеби сега ви е нејасно и далечно ,со потсмев ќе го коментирате ваквото размислување но добро размислете а во прилог на една мала мотивација ,еден видео клип кој за жал е со српски превод убаво ги прикажува сиве овие работи за кој пишуваме сега на нашиот медиум.

Генерација на затворен простор!

Генерација на затворен простор!За жал!

Posted by Медиа24 on Monday, 11 June 2018

 

www.media24.mk

 

 

loading...

Поврзани статии