Иванов: Борисов зазема страна, што не придонесува за конструктивност и соработка

Бугарија треба да бара интензивни контакти и дијалог не само со Владата на Република Македонија туку со сите останати институции како со Претседателот, така и со Народното Собрание и со опозицијата. Тоа е начинот навистина да имаме конструктивни, добрососедски и пријателски односи, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан како го коментира откажувањето на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов. – Мислам дека кога повикуваш други да водат дијалог самиот не треба да бегаш од него. Се надевам дека нашите приоритети за Западен Балкан нема…

повеќе

Апсурдот се претвора во национална трагедија

Веста за содржината на договорот за надминување на наметнатиот спор за името од страна на Грција како разорна бомба ја потресе домашната јавност. Реакциите и коментарите се различни, едни жестоки и жолчни, други умерени и попрагматични. Оваа главна политичка тема во Македонија отвори низа дилеми, особено околу толкувањето на компромисното решение Република Северна Македонија, за севкупна употреба, уставната ревизија, барањето за откажување од македонското малцинство итн. Во таа насока, во интерес на јавноста, „Нова Македонија“ побара мислење од истакнати јавни личности, писатели, аналитичари, професори, академици, како и од дел од…

повеќе

Во Струмица одбележан Светскиот ден на крводарителите

Општинската организација на Црвениот крст на Струмица вечерва со доделување дипломи и благодарници на дарителите кои најмногу дарувале крв го одбележа Светскиот ден на крводарителите. На рекордерот Делчо Ѓоргиев од струмичкото село Добрејци му беше доделена посебна благодарница за неговите 75 дарувања крв. Тој доби и признание за мотиватор за унапредување на крводоратилеството. – Прв пат дарував крв во 1970 година. Почнав да дарувам како средношколец, потоа како војник и потоа во текот на сите мои 65 години. Сега сум пензионер и понатаму ќе дарувам крв. Кога и да ме…

повеќе

СП 2018: Роботот Бакстер ќе ги прогнозира победниците

Роботот наречен „Бакстер“ ќе ги предвидува резултатите од сите натпревари на Светското првенство во Русија, објави „ТАСС“. Организаторот ќе подготви летоци со имињата на тимовите, како и натпис со нерешен резултат во посебни контејнери, кои роботот по анализа со помош на вградена, ќе го избере ливчето. Првата прогноза Бакстер ќе ја направи денеска во пресрет на првиот натпревар на Светското првенство, на кој домаќинот Русија ќе се сретне со Саудиска Арабија (почеток 17 часот). Роботот прогнозата ќе ја направи во 15 часот, два часа пред почетокот на дуелот. Бакстер веќе…

повеќе

Судбината на Мала Преспа и симболиката на „големиот договор“

До воспоставувањето на новите граници пред сто години во селата на Мала Преспа стоотстотно живеело македонско – словенско население. Таму сѐ било македонско. Jазик и идентитет. Сите топоними биле македонски, народот сто отсто бил со словенско, македонско чувство. Не со бугарско, туку со македонско, што треба посебно да се нагласи. Говорот бил македонски со дијалекти преспански и лерински. Денес, нецели сто години подоцна, сѐ е грчко. Грчка власт, војска и полиција, грчки јазик и писмо, грчки училишта и учители, грчки цркви и попови. Сѐ е преименувано, добило ново име, нов…

повеќе

Академик Митко Маџунков во емисијата ЅИД со Љупчо Цветановски на ТВ АЛФА (ВИДЕО)

Во вечерашнава емисија „ЅИД„ со Љупчо Цветановски ,каде гостин беше Митко Маџунков ,изворно кажување  (народски) со факти за договорот со Грција од страна на Академик Митко Маџунков,ви предлагаме да ја погледнете целата емисија која одеше вечерва на ТВ АЛФА. Емисијата е проект на ТВ АЛФА

повеќе

(Видео)ЦЕЛА ФАМИЛИЈА ЌЕ ГИ ИСКИНЕМЕ ЧЛЕНСКИТЕ ОД СДСМ: Гевгеличанец во емисија во живо – ова е криминал, дојдете на граница да снимите кој криминал се прави

Во контактната емисија на 24Вести се јави гледач од гевгелиско, кој тврди дека живеел на неколку стотици метри од грчката граница, незадоволен од Заев и неговите како што вели, лаги, во врска со името Тој ги покани медиумите да дојдат на границата за да снимат каков криминал се прави откако се променила власта, и се закани дека ќе ги искине членските карти од СДСМ пред телевизија бидејќи гласал за Република Македонија, а Заев ги излажал и го променил името. Како што вели, се покајале што гласале за Заев, против Груевски.

повеќе

Започна Светското првенство: Домаќините фуризоно на стартот против Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Домаќинот Русија со победа го отвори Светското првенство, тие на стартот беа подобри од Саудиска Арабија со 4:0. Резултатот на полувремето беше 2:0 за домаќините кои во 12-та минута поведоа со голот на Јури Газински, со голот на Денис Черишев во 43 минута резултат беше удвоен. Резултатот на 3:0 во второто полувреме го зголеми Артем Ѕујба со голот во 71 минута, а со голот во 91-та минута, втор за него, Денис Черишев зголеми на 4:0, додека пак конечните 5:0 ги постави Александр Головин со голот во 95-та минута.

повеќе

Втор ден протести во Скопје против договорот со Грција

Пред Собранието на Република Македонија и вечерва се одржува протест на здруженија на граѓани поради договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името. Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон. Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата. Како што изјавија дел од учесниците на протестот, граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државата. – Секој граѓанин без оглед на националноста и политичката определба треба…

повеќе

ИК и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со заклучок: Договорот е штетен, Мицкоски повика на протестен марш во недела во Битола

Во  текот на денешниот ден имав континуирани состаноци со пратеничката група, денеска заседаваше и Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, со единствена точка на дневен ред,  а тоа е капитулантскиот договор кој што нашата влада има намера да го потпише со нашиот јужен сосед, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој информираше дека едногласно заклучиле дека станува збор за решение кое што комплетно е спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија. -Едногласно заклучивме и дека станува збор за решение кое што самото по себе е капитулантско и пратеничката група но…

повеќе