Штипјанецот Филип Михов, светски олимпиец по информатика и првенец на генерација, има понуда да студира на „Оксфорд“

loading...

Штипјанецот Филип Михов, светски олимпиец по информатика и првенец на генерација, има понуда да студира на „Оксфорд“. Услов за тоа е Михов, да покаже добри резултати на државната матура.

Сепак Михов, кој е по потекло од Штиоп , а живее  и учи во Скопје, не е сигурен дека студирањето ќе го продолжи на еден од најпрестижните универзитети во светот:

„… Меѓутоа, мора да признаам дека се двоумам дали да ја прифатам понудата затоа што ниту државната стипендија не може целосно да ја покрие потребната сума, а сега за сега, друг извор на финансии или друга стипендија немам (освен, се разбира, мојата фамилија). Покрај „Оксфорд“, имам понуди за студирање и во Канада, Полска, Единбург. Имам уште кратко време да размислам и планирам добро да го искористам зашто верувам дека ова е една од најважните одлуки што треба да ги донесам. Образованието би сакал да го продолжам на некој врвен универзитет каде што би студирал информатички науки, а за понатаму ќе видам…“ , изјави Михов.

Инаку, Михов  е ученик на генерацијата во скопската гимназија „Орце Николов“. Успешен информатичар и математичар, страстен играч на шах. Со бронзен медал од Интернационалната олимпијада по информатика во Техеран се врати лани, а во септември го очекува Олимпијада и во Цукуба, Јапонија.

информира Телевизија стар од Штип

loading...

Поврзани статии