ФОТО: Провокатори меѓу протестантите- дали вечерва се случи свесно насилно сценарио?

Над 15 лица се повредени во бруталноста на власта кон демонстрантите кои вечерва излегоа пред Собранието на Република македонија, спротивставувајќи се на договорот за промена на името кој беше потпишан денеска. Уште на самиот почеток од нередите пред Собранието, дел од медиумите објавија дека уфрлени провокатори се обидоа да исценираат инцидент на протестот пред Собранието на Р.Македонија. Лице во качулка му се приближи на репортерот на еден од медиумите кои настаните ги пренесуваа во живо, веднаш по почетокот на преносот во живо, во напад кој изгледаше како инструиран и претходно…

повеќе

Уапсен е Борислав Стоиљкович ,новинар на ИНФОМАКС

Вечерва полицијата на СДСМ поради непознати причини го привиде брутално новинарот на ИНФОМАКС Борислав Стоиљкович. Неофицијално поради снимен материјал кога полицијата употребила солзавец ,кој го имал снимен,ова е во домен на шпекулација само. Во прилог видео од приведувањето од страна на полицијата,мотивите засега непознати,со повеќе информации воп текот на утрешниот ден. Уапсен е Борислав Стоиљкович ,новинар на ИНФОМАКС Вечерва полицијата , поради непознати причини го привиде брутално новинарот на ИНФОМАКС Борислав Стоиљкович. Posted by Медиа24 on Sunday, 17 June 2018 Објавено во: АКТУЕЛНО

повеќе

Над 15 лица повредени во полициската бруталност на власта, уапсени неколку десетици демонстранти

Околу 15 лица се повредени во немирите пред Собранието на Република Македонија, каде власта со шок бомби и созлавец го растера протестот кој започна во 20 часот против промена на името. Според првичните информации, околу 15 лица се пожалиле на повреди во Градската болница, од кои тројца имале потешки повреди. Протестот најавен од навивачката група Комити ескалираше откако демонстрантите ја турнаа заштитната ограда на Собранието. Објавено во: МАКЕДОНИЈА

повеќе

ВИДЕО СНИМКИ -ПОЛИЦИЈАТА СО ШОК БОМБИ И СОЛЗАВЕЦ ПРОТИВ СОПСТВЕНИОТ НАРОД (ВИДЕО)

Полицијата на СДСМ со солзавец и шок бомби пред Собранието- Заев употребува сила против народот кој го брани името Вечерва пред малку пред Собранието на Р.Македонија се насобра народ кој во знак на револт протестираше мирно и во одреден момент полицијата на Оливер Спасовски и на Зоран Заев по нив испука шок бомби и солзавец со цел да ги исплаши насобраните демонстранти кој со ништо не го повредија или загрзозија некого од полицијата ниту направија некакава штета. Од настаните пред Собрание ви прикажуваме два видео клипа од пристните таму во…

повеќе

Стевче Јакимовски најави дека ГРОМ ќе го бојкотира референдумот

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски на денешниот протестен марш во Битола најави дека неговата партија ќе го бојкотира референдумот за промена на името. „Секој патриот, секој чесен граѓанин, секој што држи до достоинството треба да им каже дека некои прашања не заслужуваат одговор. Референдумското прашање не заслужува одговор и народот треба да си ја гледа работата. Јас и мојата партија сигурно ќе го бојкотираме референдумот“- вели Јакимовски. Зоран Заев и Никола Димитров немаа мандат да преговараат за име – ерга омнес, тие можеа да преговараат само за двојна формула. Ова што…

повеќе

Апасиев: До промена на името има пет пречки

Има пет правни пречки за договорот за промена на името да стапи во сила, вели професорот Димитар Апасиев. Првата пречка е претседателот на државата, Уставниот суд, референдумот, уставните промени и грчкиот парламент. Професорот Апасиев вели дека и да помине ратификацијата на договорот во македонското Собрание следува суспензивно, а по повторено гласање за договорот во парламентот и таканареченото „џебно вето“. -Втората правна пречка е Уставниот суд кој ќе го поништи договорот затоа што е спротивен на Уставот, а кој било меѓународен договор не е посилен од Уставот. Да се потсетиме, веќе…

повеќе

Цуцуловски: Нивици,Преспанско е довршување на капитулацијата!

НИВИЦИ, ПРЕСПАНСКО. На 23.04.1945 год., во северниот дел од Грција, формиран е Народноослободителниот фронт (НОФ). Формиран е од Македонци, кои живееле во Костурско, Воденско, Леринско… Помеѓу другото, според првиот Устав на НОФ, негови цели биле борба против грчките монархофашистички сили, демократија, создавање на слободна грчка република, како и борба за опстанок на Македонците во Грција. Набргу, покрај Македонците, кон НОФ се приклучуваат и Власите од тој дел на Грција. На почетокот, Комунистичката партија на Грција (КПГ) манифестира отпор кон НОФ. И покрај почетните несогласувања, покасно (1946 год.) доаѓа до обединување на…

повеќе

Соопштение од Единствена Македонија до јавноста

Извршниот комитет на Единствена Македонија вечерва донесе одлука да го подржи собирот на навивачките групи за одбрана на името што ќе се одржи во недела, 17 јуни 2018, во 20:00 ч. пред Собранието на Република Македонија. Во овој историски момент за Македонија кога ги гледаме темните слики на Татковината, болно ги доживуваме и не можеме да се помириме со нив, ние сме убедени дека самоорганизираниот народ како „Комитите„ навивачките групи, МПЗ Тврдокорни, македонските патриотски здруженија и сите искрено загрижени Македонци и Македонки, заеднички и сплотено ќе ги одбраниме највисоките национални…

повеќе

ММДЧП им се закани на светските медиуми за Македонија (Соопштение)

Не само што Западното покривање на настаните е фактички неточно, тоа очигледно е и расистичко, затоа што потенцијалната промена на името на една земја и на етничкиот идентитет, потекло, јазик и историја на нејзиниот народ – сe во име на удоволување на нејзините потчинители – не може да биде повод за „славење“. Тоа ја прекршува секоја можна конвенција за човекови права која Западот наводно ја подржува. Откако денес антимакедонскиот „премиер“, Зоран Заев, поставен од САД, симболично го потпиша договорот со најноторниот потчинител на Македонија, Грција, Западните држави и медиуми побрзаа…

повеќе

ФОТО: Со солзавец и димни бомби полицијата го расчистува протестот пред Собранието против промена на името

Полицијата со солзавец и димни бомби ги растерува демонстрантите од пред Собранието кои протестираат против Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија. На протесто можеше да се забележи огромно присуство на припадници на полицијата, а демонстрантите ги повикаа да им се придружат од другата страна на оградата и заедно да побараат да не се менува уставното име. Учесниците на протестот извикаа „Македонија, името не го даваме“, името на претседателот на државата, Ѓорге Иванов и пееја патриотски песни. Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров…

повеќе