Австрија се закани – ќе го саботира Договор за промена на името поради поделеноста за миграциската политика во ЕУ

Австрија се закани дека ќе го саботира тешко договорениот Договор со Грција за промена на името, освен ако Европската Унија не ги прекине разговорите за членство со Турција, во последниот знак на длабоки поделби во блокот што се разгоре поради несогласувањето околу миграцијата, пишува британски Телеграф. Грција и Македонија презедоа голем чекор кон затворање на речиси тридеценискиот жесток спор во неделата, бидејќи земјите потпишаа договор со кој ќе се преименува оваа балканската нација во „Република Северна Македонија“, во замена за ветување од Атина  дека нема да ги блокира напорите на Скопје…

повеќе

831 средношколец се запишале во трите училишта во Струмица, најголем интерес за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“

Денеска и утре се реализира уписот во прва година на територијата на целата држава. На првиот ден од првиот упис за полуматурантите, денеска во трите средни општински училишта во Струмица пријава за упис поднеле вкупно 831 ученик. Во СОУ „Јане Сандански“ вкупниот број за нови средношколци изнесува 374 за во 11 паралелки, денеска во оваа училиште се запишале 229 ученици, додека во СОУ „Никола Карев“ од планирани 511 ученици поделени во 16 паралелки се запишале 343 ученици. Најголем интерес денеска имало за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“. Планирани се три паралелки…

повеќе

Демонстрантите повикаа на нов протест утре во 11 часот

Пред зградата на Собранието на Република Македонија и вечерва се собираат граѓани на протест против Договорот за името, што вчера беше потпишан од премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Незадоволните граѓани повикаа на нов протест утре во 11 часот кога е закажана собраниската седница на која на дневен ред е договорот со Грција. Тие го повикаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да го напушти Собранието и да се приклучи на протестите. Објавено во: МАКЕДОНИЈА ВЕСТИ

повеќе

ДА СЕ БАРА НИШТОВНОСТ НА ДОГОВОРОТ, ИТНО!!!

Лоша намера, лош ниет тоа е правното значење на терминот mala fides! Во најголем дел од правните системи на земјите се уште постои и се случува ништавност на правното дело (поништување на секое правно дејство или акт) кој е сторен со „лоша намера“. И во нашиот поранешен правен систем, конкретно во Законот за облигационите односи од 1978 година беше предвидена ништавноста на сите правни дела сторени со лоша намера. И во меѓународното право, она изградено во ООН и во ЕУ, постои санкција во случај кога со лоша намера се пристапува…

повеќе

МАКЕДОНЕЦУ, АКО ОВА ГО ПРОПУШТИШ СИ ГО ПРОПУШТИЛ ЖИВОТОТ!

Кир Зоранос Зајкос конечно успеа. После сите убедувања, апели и пораки за сплотување на македонскиот народ и обединување на сите граѓани на Р МАКЕДОНИЈА те послушавме, се сплотивме и обединивме сите како еден. Сите како еден, СИТЕ ПРОТИВ ТЕБЕ ПРЕДАВНИКУ !!! Против ТЕБЕ И ТВОЕТО СИТНО ДРУШТВО ПРЕДАВНИЧКО. Вчера неколкумина гнасни, мрсни и извалкани изроди се обидовте да ги испоганите и изматите чистите ко солза Преспанско и Охридско Езеро кои се нераскинливо поврзани и се очите на македонскиот народ во чии зеници се препознава бистриот македонски дух, непоколеблив патриотизам и…

повеќе

(ВИДЕО) БУГАРСКИ НОВИНАР СЕ ОБРАТИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ! БОРЕТЕ СЕ ЗА ЧЕСНИ ЛУЃЕ ВО ПОЛИТИКАТА!

Драги Македонци не очекувајте чуда од Европската Унија и НАТО… Коментар на Светослав Иванов. БУГАРСКИ НОВИНАР СЕ ОБРАТИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ! БОРЕТЕ СЕ ЗА ЧЕСНИ ЛУЃЕ ВО ПОЛИТИКАТА! БУГАРСКИ НОВИНАР СЕ ОБРАТИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ! БОРЕТЕ СЕ ЗА ЧЕСНИ ЛУЃЕ ВО ПОЛИТИКАТА! Posted by Медиа24 on Monday, 18 June 2018 Објавено во : АКТУЕЛНО 24

повеќе

Договорот за името во собраниска процедура

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, по скратена постапка. Предлог-законот Владата до Собранието го доставила со европско знаменце, така што по изгласувањето на потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на Договорот, матично тело кое…

повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев посакуваат насилство се со цел да им помине нивниот план за капитулација

Настаните вчера пред Собранието на Република Македонија се дел од смисленото сценарио на власта на Зоран Заев и СДСМ. Власта вчера удри по својот народ и ниту едно клеветничко соопштение на СДСМ нема да го покрие тоа. СДСМ треба да се извини што полицијата беше злоупотребена, а повредени се граѓани, возрасни луѓе, жени и деца. СДСМ и Зоран Заев посакуваат насилство се со цел да им помине нивниот план за капитулација, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Додека Зоран Заев СДСМ ја деградираат Република Македонија и го продаваат уставното име свесно се обидуваат…

повеќе

Проф. Стојановски до Заев: Никој досега не нè доведе до самоуништување како вас

Професорот на Правниот факултет во Штип, Страшко Стојановски, кој е меѓународно признат експерт за нации и национализам, објавува девет точки во кои македонската влада погрешила во врска до договорот со Грција. Стојановски дава одговор и на прашањето што ќе ѝ се случува на земјава во наредниов период. „ШТО ПОТПИШАВТЕ? Не знам што сакавте. Дали да ѝ обезбедите иднина на Македонија и на нејзините граѓани, во што се надевам дека искрено верувате, или само топлење на меките столчиња и вртење тендерчиња, што гледано од ваш личен аспект е разбирливо, но никако…

повеќе

Власта ја изигрува процедурата за ратификација на договорот

Во Европа не постои парламент каде што се прескокнува Комисијата за надворешна политика за да се ратификува билатереален или меѓународен договор, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, откако од владата соопштија дека договорот за името со Грција е пуштен во Собранието со европско знаменце. Милошоски претседава со собраниската Комисија за надворешна политика, низ која требаше да помине договорот со Грција, пред да биде ратификуван на пленарна седница. Меѓутоа, со оглед на тоа што владата го означи договорот со европско знаменце, тој сега се „сели“ во Комисијата за европски прашања, со…

повеќе