СП РУСИЈА: БЕЛГИЈА – ПАНАМА 3-0 , Лукаку и Мертенс главни актери, Белгијците пресилни за Панама

loading...


Репрезентацијата на Белгија, која е една од фаворизираните екипи на Мундијалот во Русија, со победа против Панама од 3-0 (0-0) во Сочи го започна својот мундијалски сон. За разлика од Белгија, денешниот дуел на Панама е дебитански на едно СП и со самото тоа е голем успех за малата репрезентација од Централна Америка.

Белгијците супер офанзивно го започнаа натпреварот и веднаш се заканија преку Азар и Витсел, но за среќа по дебитантот на Мундијалите, „црвените ѓаволи“ беа непрецизни. По почетната иницијатива, Панама на кратко воспостави теренска рамнотежа, но во продолжение на првото полувреме повторно „црвените ѓаволи“ вршеа притисок на последната линија на Панамците.

По ударите на Мертенс и Азар, во 38. минута одлична шанса имаше играчот на Челзи, но Пенедо со нова интервенција исфрли во седми корнер за Белгија. На спротивната страна Панам го изведе својот втор корнер, по што Белгија се закани преку Лукаку.

Она што не им успеа на избраните на Мартинез во првиот дел, го направија на стартот на второто полувреме. Фудбалерот на Панама, Торес, една нафрлена топка успеа да ја исфрли само до Мертенс, а овој со прекраен волеј удар го совлада Пинеда (1-0).

Во продолжение Панама се обиде да возврати, Гомез во 63. минута направи и двојна измена, но искусните Белгијци не дозволуваа да биде посериозно загрозен Куртоа. Но, и тоа не беше доволна, а за да нема тензија во завршницата се погрижи Ромелу Лукаку, кој најпрво го искористи центаршутот на Де Брујне и во 68. минута зголеми на 2-0, а седум минути подоцна донесе и убедливи 3-0.

До крајот и покрај убедливата предност, „црвените ѓаволи“ ја држеа топката во свој посед, креираа шанси, но не успеаја и по четврти пат да го совладаат Пенеда. Со денешната победа Белгија ја продолжи серијата без пораз, која сега изнесува цели 20 натпревари.

Во второто коло Белгија игра против Тунис, додека Панама ќе излезе на мегдан со Англија.


Превземено од: www.gol.mk

Објавено во: РУСИЈА 2018

loading...

Поврзани статии