831 средношколец се запишале во трите училишта во Струмица, најголем интерес за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“

loading...


Денеска и утре се реализира уписот во прва година на територијата на целата држава. На првиот ден од првиот упис за полуматурантите, денеска во трите средни општински училишта во Струмица пријава за упис поднеле вкупно 831 ученик.

Во СОУ „Јане Сандански“ вкупниот број за нови средношколци изнесува 374 за во 11 паралелки, денеска во оваа училиште се запишале 229 ученици, додека во СОУ „Никола Карев“ од планирани 511 ученици поделени во 16 паралелки се запишале 343 ученици.

Најголем интерес денеска имало за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“. Планирани се три паралелки со 102 ученици, а се пријавиле дури 189, додека за останатите струки само 70 ученици. Во оваа училиште според конкурсот на Министерството за образование и наука се планирани 374 ученици во прва година со 11 паралелки.

Утре е вториот ден од првото пријавување во трите средни училишта во Струмица. Во периодот од 08:00 до 15:00 часот, оние кои не успеале да се запишат денеска, ќе можат тоа да го направат утре. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2018 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.


извор: СтрумицаНет

Објавено во : СТРУМИЦА

loading...

Поврзани статии