Северномакедонци, пребројте си се вечерва – истиов бојкот ќе ви се случи и на референдумот

Северномакедонци, пребројте си се вечерва на журката! Истиов дебакл и БОЈКОТ ќе ви се случи и на референдумот. Секогаш Македонија, Никогаш северна, порача вечерва Александар Пандов. Огромен дебакл и се случува вечерва на Владата. Низ 15 градови низ Македонија, на нивната „Голема граѓанска прослава“ има се, само не граѓани и прослава.    

повеќе

Влатко Лозаноски Лозано не дојде да пее на прославата за НАТО во Охрид

Пејачот Влатко Лозаноски- Лозано не се појави на прославата за НАТО во Охрид. Лозано, кој требаше да настапи на, како што ја нарекоа од Владата- „Големата граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“, го откажал настанот и не дошол да пее. И во Охрид, како и во останатите градови имаше очајна посетеност на владината прослава.    

повеќе

Заев: Македонија има причина да слави, дочекавме големи настани

Премиерот Зоран Заев од Битола, каде присуствува на прославата по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО, порача дека Македонија има причина да слави. Тој смета дека тоа што го направи Македонија за само една година е успех за сите без разлика на политичката определба. – Имаме зошто да славиме и да се издигнеме над делбите. Сега како никогаш досега да си подадеме рака. Сакам да ги повикам сите граѓани и да им порачам денеска силите што не делат не се толку силни како силите…

повеќе

РОПСТВО во име на СЛОБОДАТА

Е да, често пишувам за процесот што го одржува и пропагира „структурата“ која има за цел во човештвото, за почеток во развиените западни демократски општества, а потоа и пошироко, да ги истисне сите здрави, нормални, природни и од Бога благословени и заповедани вредности, вистини и модели на живеење. Тој ПРОЦЕС е препознатлив по тоа што е плод на лажно-слободарската идеологија позната како неолиберализам. Оваа идеологија во име на „слободата“ и „човековите права“ ги ослободува и правно ги заштитува сите огревовени, перверзни и нездрави пројави на човековата оболена природа и личност.…

повеќе

МОСКВА: МАКЕДОНИЈА НА НАТО МУ ТРЕБА КАКО ТЕРИТОРИЈА ЗА СУРОВИНА И ВОЕНА БАЗА

Македонија е земја на европската па и на светската култура. Без да го прашаат народот се обидуваат насилно да ја вовлечат во нато. Во изјавата  на Марија Захарова портпаролка на Министерството за надворешни работи на Москва се вели: Македонија е жртва на западот и на таканаречената отворена политка која има за цел контрола на одредена территорија за политички цели во случајов тоа е Македонија. Нато си ја сака само Македонија како територија тоа е се со оглед на тоа што ја уценува Македонија да се одкаже од својот јазик идентитет…

повеќе

АНТИКА И СРЕДЕН ВЕК: Македонците не се од вчера, па некој да ги третира како северно македонска салата!

  Според проф. д-р Милан Бошкоски од Институтот за национална историја во Скопје, македонското античко, историско, културно и етничко наследство, во однос на континуитетот на имињата Македонија и Македонци, сосема е неспорно и е сублимирано во македонското средновековно културно, историско и етничко право на името Македонија и Македонци, што се гледа од богатата средновековна изворна документација. Пишува: Блаже Миневски Иако во 148 година п.н.е Македонија била претворена во римска провинција, со постојан  римски провинциски намесник, границите на провинциите Македонија Прима и Македонија Секунда сепак повеќе или помалку останувале внатре, во историско-географските граници на Македонија. Во…

повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не слави, туку Заев jа слави капитулацијата и тоталната продажба на името, идентитетот, јазикот и Уставот на нацијата

Македонија не слави, туку Зоран Заев слави. Ја слави капитулацијата и тоталната продажба на името, идентитетот, јазикот и Уставот на нацијата. Тоа што Зоран Заев го претставува сега како успех, граѓаните го добија пред 10 години. Република Македонија ги има исполнето сите предуслови за влез во НАТО уште во 2008 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев троши пари на граѓаните на еднодневна журка, за која нема ниту повод ниту причина. Овој настан ќе остане запаметен во историјата на државата како прослава за промената на името. Додека Заев ниже порази и…

повеќе

Бронзата за Белгија, Англија се враќа дома без медал

Во претпоследниот дуел од Светското фудбалско првенство 2018, селекцијата на Белгија попладнево ја победи Англија со 2:0 и го освои третото место. До бронзата Белгија стигна со головите на Томас Муние во 4. минута и Еден Азар во 82. минута. Белгија и во групната фаза ја победи Англија (1:0). За Белгијците ова е најдобар резултат во историјата на Мундијалите. Тие на СП 1986 година во Мексико стигнаа до 4.место. Утре од 17 часот во финалето на СП ќе играат Франција и Хрватска.

повеќе

Марихуана плови во морето во Црна Гора

Рекордни 1,4 тони марихуана заплени црногорската полиција. Се работи за 1.332 килограми марихуана, која била фрлена во море, а ја пронашле локални рибари од Улцин, 11 наутички милји југозападно од реката Бојана. Црногорската полиција со часови ја собирала дрогата, која била сместена во 62 големи пакети, кои пловеле во морето. Првичната истрага укажала дека најверојатно на криумчарите им се расипал чамецот, по што тие одлучиле да се ослободат од марихуаната.

повеќе