Единствена Македонија: Преку празните плоштади на НАТО-журките се виде дека народот не сака промена на име и влез во НАТО

Единствена Македонија ја споделува големата радост со македонскиот народ и поголем дел од граѓаните, кои, синоќа, преку празните плоштади и очајната посета на НАТО-журките, кажаа НЕ на капитулантските политики на марионетската власт во Скопје. Со големиот сенароден отпор против НАТО-журките налик на своевиден консултативен референдум се виде дека народот не прифаќа промена на име и влез во НАТО и ЕУ. Дури и Македонската радио телевизија како национален сервис прво најави дека ќе обезбеди пренос во живо од главната прослава во Скопје а во последен момент ја смени програмата откако ја…

повеќе

Единствена Македонија: Скандал, полицијата божем му го одзема пасошот на Вранишковски а претходно му издава пасош и пиштол

Единствена Македонија на денешната прес конференција, недела, 15 јули 2018, се осврна на дворските игри на полицијата во кои Вранишковски божем бега, а властите божем го гонат. На прес конференцијата членот на Извршниот комитет Злате Војноски рече: Почитувани, Со денешната прес конференција сакаме да упатиме загрижувачка порака дека наметнатата игра во која расколникот Вранишковски наводно бега, а властите божем го гонат, претставува опасна авантура. Ова му овозоможува на Вранишковски и понатаму слободно да го спроведува своето субверзивно дејствување врз Македонската православна црква која е еден од темелите на државноста и…

повеќе

“Македонскиот Тигар” Ален Амедовски и во Рим со високо кренато македонско знаме

Македонскиот ММА борец Ален Амедовски кој на мечевите секогаш излегува со македонското знаме продолжува со извонредната серија победи и сензационална кариера во профи рингот. Популарно наречен “Македонскиот Тигар”, 29 годишниот борец кој е родум од Центар Жупа вечерва во Рим, Италија ја оствари шестата победа во професионалната кариера во овој жесток и популарен спорт. Тој вечерва го победи големиот фаворит Ирецот Вил Флури со технички нокаут за само 99 секунди. Флури предходно немаше пораз во кариерата. Тоа беше борба на предизвикувачи во средна категорија до 84 килограми со која низата…

повеќе

Инфантино: Најдоброто светско првенство во историјата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и се заблагодари на Русија за организацијата на Мундијалот за кој рече дека била на највисоко ниво. – Ова првенство покажа дека Русија е навистина фудбалска земја. Ви благодарам, Русија, за организацијата на најдоброто Светското првенство во историјата, изјави Инфантино. Мундијалот во Русија почна на 14 јуни и завршува денеска со финалето меѓу Хрватска и Франција (почеток 17 часот).

повеќе

Мицкоски бара амнестирање на лицата од 27-ми април: Доста беше уништување на македонското во Македонците!И пенкало не се бакнува, се бакнува името на сопствената земја

Имаме одземена држава. Дојдоа на власт со сурова злоупотреба на судбини. А денес нема недела да не ни се случи по некоја смрт на дете, некое претепано бебе, злоупотребен малолетник, прерано изгубен човечки живот. Ова го порача Христијан Мицкоски на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ  во Кавадарци. -Некоја мајка која се завива во црно и некој плач од кој се превртува душата и силно боли, а боли зошто се чувствувате беспомоши и во исто време обесправени, затоа што секој од вас знае дека туѓата болка може да биде и ваша. Нив…

повеќе

Објавени претседателски декрети со кои се реструктуираат главни институции во Турција

Турција објави претседателски декрети со кои се реструктуираат основни политички, воени и административни институции, како дел од трансформацијата кон силна извршна претседателска власт. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот стапи на должност и сега има големи овластувања кои му дозволуваат да овјавува декрети и да назначува и разрешува високи државни службеници. Турскиот службен весник денеска објави седум декрети кои се однесуваат на повеќе државни институции. Промените се совпаѓаат со втората годишнина од обидот за преврат во земјата, во кој беа убиени 250 луѓе.

повеќе

Термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач

Доколку некој ви каже дека име и идентитет на една цела етничка група е сменета за да се смири угнетувачот, би предизвикало ли тоа вознемиреност кај вас? И доколку би ви дале вакво објаснување „но пазете, се работи за дипломатски спор“, дали вашиот одговор би бил: „Епа ОК тогаш. Проблемот нека го решат со негирање на сопственото постоење.“? Тоа е всушност она што се случува со Македонија и Македонците. Се ребрендиравме себеси како „Северни Македонци“, а нашата земја како „Северна Македонија“, со што термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме…

повеќе

Египетските археолози пред откритето на векот: Ковчегот на Алексaндар Велики или Пандорина кутија?

Египетските археолози пред откритето на векот: Ковчегот на Алексaндар Велики или Пандорина кутија? Египет е познат како „лулка на цивилизацијата“ и во неговите археолошки наоѓалишта се ископани дел од најголемите откритија и историски тајни за човештвото. Археолошкото откритие во Египет можеби е откритие на векот. Ковчегот со димензии 185 на 265 на 166 сантиметри е најголемиот најден досега во овој град. Она што го прави овој сакрофаг уште помистериозен и посебен е фактот дека не бил отворен 2.000 години, пишува списанието „Smithsonian Magazine“. Ограбувачи на гробници испеале да отворат неколку…

повеќе

Нападнати момчиња во Дебар, едно потешко повредено

Пет лица ноќеска, во  2:50 часот, физички го нападнале  Г.Е.(20), кој бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар. Како што информира МВР, нападот се случил на  улицата „8 Септември“ во Дебар. На Г.Е. му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Дебар од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во 3:40 часот во Полициската станица Дебар сами се пријавиле лицата К.К.(27), И.В.(23), Ц.В.(22) и Х.Б.(25) сите од Дебар, а по преземени мерки приведено е и лицето К.К.(21). Полицијата најави дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

повеќе

Хрватска и Франција во борба за тронот

Репрезентациите на Хрватска и на Франција денеска во Москва ќе играат во финалето на Светското фудбалско првенство. Франција во мечот влегува како фаворит, и поради позвучните имиња, и поради поодморените фудбалери, за разлика од хрватските кои до финалето одиграа три натпревари на продолженија. Сепак, „коцкестите“ најавија реванш за поразот од „триколорите“ на СП 1998 кога Франција беше домаќин и победи во меѓусебниот дуел во полуфиналето, а подоцно стана и шампион. – Не ме интересира статистиката и не ми е грижа со кого играме. Стигнавме до финале и ќе дадеме се…

повеќе