Најчевска до Заев: Ти мора да си многу глуп…

loading...

Еден од најголемите критичари на поранешниот премиер Никола Груевски и истовремено подржувач на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, професорката и активистка, Мирјана Најчевска се огласи по денешното изгласување на измените на Изборниот законик без учество на опозицијата. Таа на својот Фејсбук профил директно му порача на Заев што мисли за последниот потег на власта.

Со години тврдиш дека изборите се манипулирани, недемократски, нечесни, изиграни, …

Во изборната програма предвидуваш системски промени во изборниот законик и расчистување со секој оној кој придонел за изигрувањето и ограничувањето на правото на избор на граѓаните.

Доаѓаш на власт и си дремиш се додека странски амбасадор не ти објави јавно дека изборната комисија тие е корумпирана до срж.

Не ја разрешуваш изборната комисија туку ги молиш членовите за кои има индиции дека краделе и мамеле да си поднесат оставки (се разбира не ги санкционираш).
Во меѓувреме не преземаш ништо во врска со можните опструкции на симнатиот од власт но не и развластен режим на мафијата наречена ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Доаѓа време за многу чувствителен референдум во кој се бара висока демократска свест на граѓаните и визија за иднината.

Одеднаш ти текнува дека не може да го спроведеш референдумот затоа што немаш изборна комисија.

На недемократски начин го менуваш законот затоа што самиот си се спикал во ќорсокак и “немаш избор“.

Им велиш на граѓаните: овој недемократски акт е направен со цел остварување на демократијата.

Ма мора да си или многу глуп или …, не можам да си замислам ништо друго.

loading...

Related posts