Србов: Последното прочистување во ВМРО-ДПМНЕ ќе допринесе за зацврстување на партијата и нејзино брзо враќ

ВМРО ДПМНЕ досега имаше три покрупни прочистувања во своите редови. Причините за трите прочистувања се различни, но сите имаат едно нешто заедничко – партијата од сите нив излегуваше помоќна, помасовна, обединета и набргу потоа се враќаше на власт, напиша Никола Србов на својот Фејсбук статус. -Првиот поголем потрес беше во 1997 година по што во 1998 година ВМРО ДПМНЕ застана на чело на државата. -Вториот потрес беше во 2004 година по кој во 2006 година ВМРО ДПМНЕ формираше влада. -Последниов, трет потрес, нема да биде исклучок бидејќи ние учиме од…

повеќе

Путин: Нема споредба на новото руско оружје со друго во светот

Русија ќе порача ново оружје, на кое нема да му биде рамно ниту едно во светот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. На состанокот со високи воени офицери и полициски претставници, претседателот нагласи дека „Русија не се заканува никому и строго се придржува на своите обврски во областа на меѓународната безбедност и контрола на вооружувањето”. Путин ова го кажа истиот ден кога НАТО во Норвешка ги започна најголемите воени вежби во светот од крајот на Студената војна со околу 55.000 припадници на војската. Најавата на Путин уследи откако американскиот претседател…

повеќе

Која ќе биде судбината на Законот за јазиците?

Законот за употреба на јазиците ја изнесе на виделина длабоката етничка поделеност, која се рефлектира и внатре во институциите, е заклучокот на Студијата за проценката – како содржината на Законот влијае врз македонското општество. Спроведената анкета во рамките на истражувањето покажува дека на Законот му фали општествена поддршка, а граѓаните, иако не се добро запознаени со неговата содржина, се наклонети кон негово усвојување во зависност од етничката припадност, но и од политичката определеност. Говорејќи за улогата на Собранието во процесот на носење на Законот, претседателот на Собранието посочи дека со…

повеќе

Антиквизација

(Се јавувам од една непозната земја) – известување број 20/2 Не беше тоа одамна. Еден професор (можеби станува збор и за повеќе, но тоа сѐ уште не се знае), кој се занимава со политика, го употреби овој постмодернизам, со намера да омаловажи еден преродбенски градителски зафат во централното градско подрачје на главниот град на Република Македонија. Станува збор за дефинирање на обновата на градското јадро како антиквизација. Еден друг, кој исто така се одзива на титулата професор, но се занимава со политика, фрли анатема на познат термин во историјата на…

повеќе

Талат Џафери бара Ѓорге Иванов да го деблокира законот за јазиците

Претседателот на Собранието, по се изгледа не се откажува од Тиранската Платформа. Талат Џафери вели дека Ѓорге Иванов нема да може повторно да одбие да го потпише указот за Законот за употребата на јазиците и нема право да ја оценува неговата уставност. Дел од Тиранската Платформа е токму Законот за употреба на јазиците кој предвидува официјализирање и целосно изедначување на Албанскиот со Македонскиот јазик. Мислењето на општеството и експертите во однос на законот за јазици, според Талат Џафери не е многу важно, оти, како што посочи институциите се тие кои…

повеќе

Централен регистар: Од следната година ќе се регистрираат вистинските газди на фирмите

Македонија ќе добие регистар на вистински сопственици. Од 1 октомври следната година секое физичко лице при иницијална регистрација во Централниот регистар ќе потпишува и изјава за сопственост на удели во други субјекти. Целта е спречување перење пари и да не може да се префрлаат средства од едни на други правни лица. Ова го најави  Марија Бошковска-Јанкоски, директорка на Централниот регистар на Република Македонија, на одбележувањето 16 години работа на оваа институција. – Законот за спречување перење пари и финансисрање тероризам е донесен во Собранието, а ние како Централен регистар имаме…

повеќе

СОРОС ВО ГЛАВНА УЛОГА: Нова демократија го достави до Врховниот суд видеото со интервјуто на Коѕијас

Нова демократија, преку заменикот надлежен за правда, господинот Карагунис, до обвинителката од Врховниот суд, госпоѓата Ксени Димитриу, го достави видеото на Никос Коѕијас во кое меѓу другото открива дека господинот Панос Каменос обвини за финансирање министри од страна на Џорџ Сорос, соопштуваат од најголемата грчка опозициска партија и додаваат дека тие го сториле она што се подразбира, бидејќи на владината седница биле и министерот за правда и неговиот заменик и не побарале да се започне истрага. Од Нова демократија велат дека исто така се подразбира дека “правдата ќе треба да…

повеќе

Судијка Димовска: Не сакаме да го носиме срамот на некои судии

Како судство мораме да се отвориме кон граѓаните. На судството му треба реформа. Свесни сме дека реформата подразбира и персонална реформа, свесни сме дека има луѓе кои не заслужиле да бидат судии. Меѓутоа свесни сме дека некое независно тело треба да преиспита за секој судија дали добро си ја работи работата или не. Мораме во името на огромен брoј судии, кои чесно и посветено работат, да кажеме дека не сакаме да го носиме срамот на некои судии кои не ја заслужуваат функцијата. Ова го изјави судиката Анета Димовска од Основен…

повеќе

Олег Сенцов добитник на Европската награда за човекови права

Украинскиот режисер, Олег Сенцов, кој е осуден на 20 години затвор во Русија, е добитник на овогодинешната „Награда Сахаров“ на Европскиот Парламент. Сенцов во 2015 година е осуден за тероризам. Тој е еден од најгласните критичари на нелегалната анексија на Крим од страна на Русија. Сенцов 145 денови штрајкуваше со глад. Украинскиот режисер ќе добие и 50.000 евра за неговиот придонес во борбата за човекови права. За „Наградата Сахаров“ годинава беа номинирани организациите кои ги спасуваат мигрантите на море и мароканскиот активист, Насер Зефзафи. Награда Сахаров ја доделува ЕП секоја…

повеќе

Пандов: СДСМ и нејзината Коалиција пред да дојдат на власт се што говореа ништо не реализираа

СДСМ и нејзината Коалиција пред да дојдат на власт се што говореа ништо не реализираа. Почнувајќи од ветувањата на Заев дека Устав нема да менува, преку 500 евра плата, 100.000 денари плата за лекарите, подобрени реформи во правосудниот систем. Ништо нема реализирано, потенцира Александар Пандов при самото гостување во дебатната емисија на „24 Анализа“. Пандов појасни дека оваа влада ја задолжи Република Македонија премногу, секојдневно се делат фондови на свои партиски членови, и склучуваат договори за тендери со фирми кои се блиски до СДСМ.

повеќе