Путин: Нема споредба на новото руско оружје со друго во светот

loading...

Русија ќе порача ново оружје, на кое нема да му биде рамно ниту едно во светот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. На состанокот со високи воени офицери и полициски претставници, претседателот нагласи дека „Русија не се заканува никому и строго се придржува на своите обврски во областа на меѓународната безбедност и контрола на вооружувањето”.
Путин ова го кажа истиот ден кога НАТО во Норвешка ги започна најголемите воени вежби во светот од крајот на Студената војна со околу 55.000 припадници на војската.
Најавата на Путин уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планира да ги повлече САД од договорот за контрола на нуклеарното оружје од 1987 година, поради, како што рече, руското кршење на пактот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин денеска со постојаните членови на Советот за национална безбедност разговарал за прашањата на стратешката стабилност во контекст на плановите на САД за повлекување од Договорот за нуклеарни сили со среден домет (ИНФ).
-Разменети се мислења за стратешките безбедносни прашања, особено во однос на американските планови за повлекување од Договорот ИНФ, како и за други аспекти на руско-американските односи, рече Песков.

loading...

Поврзани статии