Соопштение на Иницијативниот Состав на Народното Собрание на Република Македонија, 27ми Октомври 2018.

По интензивни повеќемесечни дикусии со секој од предложените кандидати поединечно, подготвителниот процес за конститурање на Народното Собрание на Република Македонија, кој започна на 19ти Март 2018, од доцна ноќеска на 27ми Октомври преоѓа во активна фаза со формирањето на Иницијативниот Совет на Народното Собрание од 60 делегати составено од врвни професионалци, економисти, финансисти, таксисти, академици, професори и работници, стари и млади, мажи и жени, патриоти и патриотки! Иницијативниот Состав на Народното Собрание на Република Македонија смета дека се исцрпени сите правни и политички можности за да му се овозможи на…

повеќе

Маја Морачанин е новата претседателка на ДОМ

Денес се одржа Четвртиот Конгрес на ДОМ под мотото „Зелени вредности – трајна визија“ со 300 делегати. Беше избран новиот состав на Централен и Надзорен одбор на ДОМ, а за претседателка на ДОМ едногласно беше избрана пратеничката Маја Морачанин. Заблагодарувајки се на довербата, таа ја истакна убеденоста дека со тимска работа, преку соработка со граѓанските здруженија и Европските Зелени, ДОМ ќе има успешна иднина. На Конгресот се обрати и досегашната претседателка Лилјана Поповска која го искажа задоволството што ДОМ е денеска, по 12.5 години, стабилна партија која го заокружи целиот…

повеќе

Филипче воведува новина во здравството: Медицински кловнови ќе им помагаат на тешко болните

Специјално обучени медицински лица наречени „медицински кловнови“ кои владеат специјални вештини ќе ја подобруваат психолошката состојба на тешко болните хоспитализирани деца и возрасни во клиниките во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Фокусот ќе биде ставен на Клиниката за детски болести. Станува збор за спроведување проект „Медицински кловнови“ во рамки на кој 26 медицински лица вработени во неколку клиники завршиле обука и денеска им беа доделени сертификати во Медицинскиот симулациски центар. Министерот за здравство Венко Филипче денеска пред врачувањето на сертификатите истакна дека ова е еден сегмент во лекувањето, кој кај…

повеќе

Цел месец молк по крвавата ликвидација на „Рузвелтова“: МВР не може да го расчисти убиството, криминалците чекор пред полицијата

Цел месец полицијата не успева да идентификува кој се возеше во зелениот Ленд Ровер, ноќта на 29-ти септември кога беа убиени две лица, а еден тешко повреден во строгиот центар на Скопје. Двојното убиство влеа страв и несигурност кај скопјани, а фактот што МВР цел месец не може да ги пронајде убијците е само уште една причина за недоверба во оние кои треба да ни ја чуваат безбедноста. Единствените информации со кои јавноста располага се оние кои излегоа кобната ноќ и два-три дена подоцна. Од тогаш молк. МВР утрото по…

повеќе

Колумна на Тања Каракамишева- Јовановска – ПРАВНА ИНКВИЗИЦИЈА

Велат злобата и омразата се силни негативни чувства што го парализираат и обземаат духот и умот на човекот. Колку повеќе се хранат, толку повеќе се шират и метастазираат како најлош вид на рак. Омразата и злобата во очите и во постапувањето на сегашнава власт кон опозицијата извира од сите страни. Без разлика дали работите имаат правна или друга природа, потребата да се сотре и жив да се спали политичкиот противник е мотивот на секоја нивна нарачана и преземена акција. Таа нивна политичко канибалска потреба руши се пред себе, го ништи…

повеќе

Почина пејачот Дине Стојанов (Попо)

Синоќа во 01:30 часот на 60-годишна возраст по кратко боледување почина познатиот струмички пејач, Дине Стојанов Попо. Дине Попо за струмичани познат како поранешен член на групата „Македо5“, „Уно“, настапувал на македонските фестивали „Фолк Фест Цветници“ и „Фолк Фест Валандово“. Посмртните останки на Дине Стојанов ќе бидат изложени утре (понеделник, 29 октомври), од 12:00 до 14:00 часот во капелата на Градските гробишта во Струмица, а погребот ќе се изврши во 14:00 часот.

повеќе

КРИВИЧНА ЗА ЛИХВАРСТВО: Му дал 12 000 денари, добил назад 40 000 и барал уште

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лихварство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против Ј.П.(32) од Струга. СВР ОХрид соопшти дела лицето казненото дело го сторило на 17 јули годинава на улицата „Партизанска“ во Струга, каде го пресретнал сега оштетениот Ц.Ш.(34) и веднаш почнал вербална расправија барајќи му пари, а потоа и физички го нападнал. Според пријавата од сега оштетениот, вербалните закани и физичките напади врз него,  пријавениот Ј.П. ги вршел од 2013 година кога тој на оштетениот му позајмил 12.000  денари. Оттогаш, како…

повеќе

Мијалков со отворено писмо до Мицкоски

Мијалков: Засрами се Христијан!!! Засрами се!!! Јас сум во ВМРО уште кога некои од вас беа во пелени!   Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков денеска испрати отворено писмо до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Писмото го пренесуваме интрегрално: Христијан, Со големо разочарување и неверување ја примив веста за мое формално исклучување од партијата. Знаејќи дека е невистина обвинувањето заради кое сум исклучен од партијата, одлучив да оставам да поминат неколку дена за сите членови да видат дека раководството нема да извади и да презентира ниту еден, повторувам НИТУ ЕДЕН доказ…

повеќе

Македонците од Австралија го бараат Влахов-Мицов под дрво и под камен – тој се крие?

Партијата Единствена Македонија на својот Фејсбук профил објави текст и фотографии, во кои тврди дека Влахов-Мицов добил пари од Македонци од Австралија, но истите ги украл, наместо да ги инвестира за кампања референдумот да не успее. Во продолжение целиот текст: Кодошот Влахов-Мицов да ти бил и измамник! Вчера се јави г-дин Ристе нашинец од Австралија кој е во Македонија уште од референдумот и не извести дека е дојден и г-дин Илија нашинец-бизнисмен од Австралија да се видат со претседателот Бачев за потврдата дека парите што на двапати ги пуштил да…

повеќе

Првачињата имаат по пет часа дневно, дури и блок-часови. Премногу е, децата немаат концентрација

Првачињата имаат по пет часа дневно, дури и блок-часови. Премногу е, децата немаат концентрација   Програмата е преобемна за нив, за сите одделенија. Затоа, во првите три часа ги одржувам потешките предмети – математика, македонски јазик, природни науки. Во последните ги оставам музичко, ликовно, физичко, објаснува наставничка од одделенска настава Првачиња со по пет часа дневно, третоодделенци со 29 часа неделно, четвртоодделенци со по 12 предмети во учебната година. Првоодделенците имаат три учебници по математика, учебник по македонски јазик, иако според програмата дури во второ почнуваат со описменување. Шест часа…

повеќе