Мијаците и Брсјаците не се Бугари ни Срби, тие се Македонци, род од посебно племе кое живее во Македонија од древноста

loading...

Рускиот конзул во Призрен, Јастребов:  Мијаците и Брсјаците не се Бугари ни Срби, тие се Македонци, род од  посебно племе кое живее во Македонија од древноста

(1880 год.)

jastrebov

Во својот извештај, рускиот конзул во Призрен, Јастребов, упатен до министерот за надворешни работи Н.К.Гирс му пишува:

„Како што е извесно, христијаните од Тетовската (Калканделенска)околија, макар што по по потекло не се Бугари (тие впрочем не се ни Срби, туку се Македонци, по име Мијаци и Брсјаци), во поголемиорт број се одлачија од Грчката патријаршија и преминаа на страната на бугарската Егзархија, па до војната имаа и свој митрополит.

Во Тетовската (Калканделенска) околија од моја страна не се прикажани ниту Бугари, ниту Срби, туку се прикажани како Словено-Срби, поради тоа што тамошните жители не и припаѓаат на бугарската народност, како што обично се тврди, но исто така не би било во ред тие исцело да се сметаат меѓу српската народност. Според јазикот, впрочем, тие стојат многу поблиску до Србите, отколку до Бугарите, исто како и речиси сите Словени од целата Скопска губернија. Меѓутоа, во суштина тие претставуваат род од едно посебно племе под името Мијаци и Брсјаци, кои во Македонија живеат од древноста и се има-ат нарекувано де Бугари, кога влегувале во составот на Бугарското царство, де Срби, додека со нив владееле српските кралеви и цареви, Турските власти нив ги нарекуваат Бугари, исто како и сите Срби (православни) што живеат по овдешниве краишта, за разлика од Србите во Кнежевството…”

С. Дракул, Руските дипломатско-стратешки контроверзи околу македонското  прашање …, 100 години . од основањето на ВМРО и  90 години  од Илинденското востание…стр. 362;

loading...

Поврзани статии