МУКОСКИ СО ИЗЈАВА ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ: Добивме гаранции за уставните амандмани!

Ги потенциравме нашите барања и генерално го усогласивме текстот на амандманите и се надеваме дека утре рано Владата ќе го достави документот до Собранието, изјави пратеникот Крсто Мукоски од новата пратеничка група произлезена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по средбата во Собранието со премиерот Зоран Заев за уставните амандмани. Мукоски дека нивните барања се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани…

повеќе

Украдeна ѕвездата на Горан Пандев од плоштадот во Струмица

На  плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска, ја снема ѕвездата на познатиот македонски фудбалер, Горан Пандев. Оваа ѕвезда беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад. Општина Струмица го осудува вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот го пријави во полиција кој што изврши увид на местото каде што беше поставена ѕвездата на Пандев.

повеќе

„Тендери“ на СЈО одложено за 9 ноември

Поради отсуство на претседателот на судeчкиот совет Осман Шабани, рочиштето за предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство е одложен за 9 ноември 2018 година. На следното судење треба да бидат сослушани двајца сведоци. Во предметот првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Според обвиниението дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за…

повеќе

Владата и осумте пратеници ги договараат амандманите

Владата вечерва во текст да го преточи тоа што е усно договорено за уставните амандмани на средбата во Собранието на Република Македонија меѓу премиерот Зоран Заев и осумте пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, е епилогот од вечерашната средба во Собранието. Потоа текстот треба да им биде доставен на осумте пратенци на консултации и по објавувањето на договореното во јавноста од нивна страна во текот на утрешниот ден Владата на седница да ги утврди нацрт-амандманите за измена на Уставот согласно Договорот од Преспа. На…

повеќе

Мицкоски: Исклучените од партијата отидоа против конгресните документи, програмата, доктрината на ВМРО-ДПМНЕ каде сме против промена на уставното име

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат- М потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најорганизирана политичка партија во која е многу нормално да има различни мислења и ставови се до моментот на носење на конечна одлука. Според него логично е веќе кога се вклучувате во политичка партија да ги почитувате политиките и одлуките во таа партија, што, како што рече, не беше случај со 7-те пратеници кои ги исклучија, а постапија спротивно политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Во живо на АЛСАТ -М -Христијан Мицкоски Во…

повеќе

40 цитати од Аристотел кои ќе ве натераат да размислувате и кои можат да го променат вашиот живот

Аристотел бил философ и научник роден во античкиот македонски град Стагира на Халкидики. На осумнаесет години пристапил во академијата на Платон во Атина и таму останал до триесет и седумгодишна возраст (околу 347 г. пр.н.е.) Неговите писанија покриваат многу теми – физика, биологија, зоологија, метафизика, логика, етика, естетика, поезија, театар, музика, реторика, лингвистика, политика – нешта кои сите заедно го сочинуваат првиот сеопфатен систем на западната философија. Набрго по смртта на Платон, Аристотел ја напуштил Атина и на барање на Филип II Македонски станал учител на неговиот син Александар Македонски, почнувајќи…

повеќе

Минхен или Санкт Петербург домаќини на финалето во ЛШ 2021

Германскиот град Минхен и рускиот Санкт Петербург се кандидати за организација на финалето на фудбалската Лига на шампионите во 2021 година, објави Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). На стадионот на Баерн Минхен „Алијанц Арена“ се одигра завршницата во ЛШ во 2012 кога трофејот го освои Челзи совладувајќи ги на пенали токму Баварците. Од друга стадионот „Крестовски“ н акој настапува Зенит беше изграден минатата година во функција за Светското првенство што се одржа во Русија. За финалето во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување, Лига Европа во 2021 година кандидати за домаќини…

повеќе

Зошто грчката опозиција е жестоко против договорот од Преспа?

Прво, воопшто не треба да биде спорно дека грчката опозиција жестоко го одбива договорот поради внатрешни политички интереси: доаѓаат избори и тие прават сѐ за да ги добијат. За таа цел користат тежок национален историски синдром. Проблемот со нашето име, кое нѐ симболизира како народ, кај нив не е измислен. Сите таму, над сто години, се воспитувале и учеле дека не постоиме како Македонци. Тоа е вкоренето кај нив и не се менува прекуноќ. Нивните емоции за ова прашање се навистина на исклучително високо ниво и на таа карта играат…

повеќе

ВАНКОВСКА: ЗОШТО НИКОЈ НЕ ГО ПРАШУВА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ОД СДСМ КОГА ПЛАНИРА ДА СИ ЈА ОТСЛУЖИ КАЗНАТА

Статус на Билјана Ванковска: “Се сложувам јас дека пишување книга не е причина за одложување казна. Туку, јас се прашувам што е со најдолгата испитна сесија на светот поради која еден друг бивш премиер, еминентен професор (за кој Марјановиќ велеше дека не знае латински а предава римско право) никако да ја отслужи казната!   Да биде иронијата поголема, тој предава на Правен факултет, а секоја втора вечер е на ТВ дебати – и не се најде новинар-јунак да го праша што станува со неговата затворска казна! Лицемерие до невидени размери!…

повеќе

НБРМ: Растот на БДП од 3,2 паѓа на 2,3 отсто

Народната банка на Република Македонија направи корекција за растот на македонската економија од 3,2 на 2,3 проценти во есенската ревизија на макроекономските проекции споредено со проекциите во април. – Во периодот на проекции се очекува постепено закрепнување на домашната економија по стагнацијата со која се соочивме во 2017 година, при оценет раст на БДП од 2,3 проценти во 2018 година и постепено натамошно забрзување на растот во натамошниот период и достигнување на одредени солидни стапки на раство 2021 година од 4 отсто, рече денеска на прес-конфеернција гувернерот на НБРМ, Анита…

повеќе