Македонци во рингот: Борбата на Даниел Стефановски и Бени Османовски (ВИДЕО)

Maкедонските борци Даниел Стефановски и Бени Османовски неодамна во Швајцарија имаа меѓусебна борба, а сега се појави и видео од истата. Во борбата на турнирот под име „Подгответе за војна“ славеше Стефановски со нокаут во првата рунда. Османовски по после борбата побара реванш, додека одговорот на Стефановски беше дека за тоа ќе одлучи неговиот менаџер. Во продолжение погледнете ја нивната борба.

повеќе

Што претставува “Едно општество за сите” според Влада на Македонија?!

На сајтот на ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА стои што всушност претставува “Едно општество за сите” Во прилог целиот текст превземен од официјалниот сајт на Влада на Македонија. МАКЕДОНИЈА – ЕДНО ОПШТЕСТВО И ЕДНО СЕМЕЈСТВО ЗА СИТЕ, СИТЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ПРВ РЕД Со политиката „Едно општество“ ги намаливме поделбите и ја зголемивме довербата меѓу заедниците; Реализиравме тематска владина седница посветена на младински политики на која на предлог на младинските организации беа оформени работни групи и тоа: Работна група за препознавање на младинската работа, работна група која ќе го дефинира ко-менаџмент телото…

повеќе

КОМПЛЕТ НАЦРТ-АМАНДМАНИТЕ: Еве што се е предложено од Владата за Северна

Владата на Република Македонија го објави текстот на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија, за промена на Уставот и уставното име. Во продолжение ги објавуваме во целост. ТЕКСТ НА НАЦРТ – АМАНДМАНИТЕ XXXIII, XXXIV, XXXV И XXXVI  НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Овие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба…

повеќе

За восхит: 6-годишно девојче се грижи за парализираниот татко откако мајката ги напушти

Деновиве светот го одушеви вест за 6-годишно девојче кое само се грижи за парализираниот татко откако мајката ги остави. Посветеноста и љубовта на малата Ѓа Ѓа од Кина допре до милиони срца. Имено, Ѓа Ѓа и татко ѝ Тјен биле напуштени од нејзината мајка во 2016 година, по страшната сообраќајна несреќа во која тој едвај преживеал. Мајката со себе го одвела и постариот брат на Ѓа Ѓа. Веќе две години, инспиративното девојче прави сè што е потребно за да му го олесни животот на татко си и се грижи за…

повеќе

Кривичен совет: Одбиена жалбата на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на СЈО за замрзнување на имотот на партијата

Кривичниот совет ја одби жалбата на ВМРО-ДПМНЕ и го потврди решението за замрзнување на недвижниот имот на политичката партија, информира денеска Основен суд Скопје 1 – Скопје. –  Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка кој го уважи предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена со предлогот. Советот, по ценење на фактите и…

повеќе

Цврстиот државен став на Зоран Заев: Од „Нема промена на Устав“ до реална промена на Устав

„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред Парламент и да бара промена на Устав заради промена на уставното име, кажа сегашниот период во една прилика додека беше лидер на опозицијата“, велеше премиерот Заев како опозиционер на СДСМ, додека сеуште не беше на позиција од која може…

повеќе

СОБРАНИЕ: Амандманите за Северна стигнаа, Џафери закажа пленарна седница на 1 декември

Нацрт-амандманите на Уставот се веќе пристигнати во Собранието и се проверуваат од собраниските служби. Пленарната седница на која ќе бидат разгледани собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа за 1 декември додека седницата на Комисијата за уставни прашања својата работа ќе ја започне на 7 ноември. Од Кабинетот на Џафери соопштија дека по проверката, нацрт текстот на уставните амандмани ќе биде испратен до сите пратеници. Утврдувањето на нацрт амандманите на Уставот од страна на Собранието е втора фаза од постапката за измена на Уставот. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство…

повеќе

Блокиран имот: СЈО ги замрзна Европа 92 и НОЕЛ

По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот во врска со истрагата во јавноста позната под името „Поштенска банка“, соопшти Специјалното јавно обвинителство. Со мерката е обезбеден недвижен имот сопственост на правните лица Европа 92 ДООЕЛ Кочани и НОЕЛ експорт-импорт ДООЕЛ Гевгелија и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата, Ратко Димитровски и Томе Главчев. Воедно, обезбеден е и имот од други правни лица кај кои…

повеќе

Заев потврди: Олуките на АСНОМ се бришат од македонскиот Устав

Пермиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција потврди дека од Преамбулата ќе се бришат одлуките на АСНОМ. Според него, спорен е делот од АСНОМ, каде во одлуките ги повикува Македонците од соседните држави да се обединат. Заев истакна дека Прогласот на АСНОМ ќе биде дел од Премабулата, но не и спорните, според него, одлуки.

повеќе

КОЛУМНА НА МАРТИНА АНТИЌ: Опозицијата во фокус

Имајќи ги во предвид опозициските потреси нормално е фокусот на граѓаните да биде усмерен таму и никако ама никако да не се обрнува внимание на сé она што секојдневно се случува во државата која што ита кон Европа. Одеднаш сé она што беше важно и за што се протестираше секојдневно е засенето од ВМРО ДПМНЕ. Типично вмровско однесување, намерно ја дефокусираат јавноста за да не се обрнува внимание на реалните проблеми во општеството. Што народ ќе беа, такви беа и кога беа на власт и сега во опозиција. Ете на…

повеќе