За восхит: 6-годишно девојче се грижи за парализираниот татко откако мајката ги напушти

loading...

Деновиве светот го одушеви вест за 6-годишно девојче кое само се грижи за парализираниот татко откако мајката ги остави. Посветеноста и љубовта на малата Ѓа Ѓа од Кина допре до милиони срца.

Имено, Ѓа Ѓа и татко ѝ Тјен биле напуштени од нејзината мајка во 2016 година, по страшната сообраќајна несреќа во која тој едвај преживеал. Мајката со себе го одвела и постариот брат на Ѓа Ѓа.

Веќе две години, инспиративното девојче прави сè што е потребно за да му го олесни животот на татко си и се грижи за семејниот дом.

ВИДЕО

Ѓа Ѓа станувала во 6 часот наутро и започнувала да му ги масира мускулите на татко си. Потоа му помагала да јаде, да се измие заби и лице, а дури потоа одела на училиште. Додека е во школо, за Тјен се грижеле неговите родители.

„На почетокот не знаев како да му ја бричам брадата и му го сечев лицето и крвавеше. Но, татко ми велеше дека не го боли. Сега, многу сум добра во бричење на брадата“ – вели посветената ќерка.

Дедото на Ѓа Ѓа направи справа која ѝ помага да го преместува татко си од креветот во количката. Тјен вели дека најтешкото за неговата ќерка е кога треба да го пренесува низ куќата, бидејќи е многу потежок од неа. „Воопшто не се уморувам кога се грижам за татко ми“ – вели Ѓа Ѓа.

Ѓа Ѓа и ТјенЃа Ѓа и ТјенЃа Ѓа и ТјенЃа Ѓа и Тјен

Откако приказната за Ѓа Ѓа се распространи низ светот, таа добива само пофалби и поддршка од илјадници лица и многумина ја нарекуваат „малиот ангел“.

„Тоа е ќерка која го сака својот татко. Бог да ја благослови.“

„Ми го крши срцето тоа што го гледам ова кутро дете, бидејќи тоа треба да игра и да ужива со своите мали пријателчиња. Ова е една прекрасна ќерка. Начинот на кој го покрива татко си со ќебе за да спие и потоа го бакнува на челото ми ги расолзи очите. Се надевам и се молам дека некој ќе започне да му помага на ова мало девојче, за тоа да може да има подобар живот како дете. Едно нешто е сигурно, таа ќе се справи многу добро во животот и се надевам и се молам дека нејзиниот татко ќе живее долг живот и тие ќе бидат засекогаш среќни заедно.“

„Тој е благословен што има толку прекрасна ќерка која го сака татко си толку многу. Одлична врска и дете кое беше принудено да порасне преку ноќ “ – се дел од коментарите онлајн.

Ѓа Ѓа и ТјенЃа Ѓа и ТјенЃа Ѓа и ТјенЃа Ѓа и ТјенЃа Ѓа и Тјен

loading...

Поврзани статии