Мрме ќе смета на Илиев за дуелите со Лихтенштајн и Гибралтар

Како што дознаваме, испратена е покана до голманот на Арсенал адресирана до „топчиите”, сега се чека само на официјално известување на селекторот Игор Ангеловски. Она што го најави селекторот Игор Ангеловски, во мега – интервјуто за „Спорт” пред две недели, и го остварува. Имено тој тогаш, веднаш по октомврискиот циклус во Лигата на Нации, напомена дека во иднина за голманската позиција ќе смета и на Дени Илиев и Игор Алексовски. Дека и двајцата, заедно со Дамјан Шишковски ќе се ротираат на местото трет голман во нашата репрезентација. Со оглед на…

повеќе

Македонија на 121 место од 140 држави по критичко размислување во образованието

Во категоријата за поттикнување на критичкото размислување во образованието на Светскиот економски форум, Македонија се најде на 121 место на листата од вкупно 140 држави во светот. Полошо од Македонија од земјите од регионот се рангирани Хрватска и Босна и Херцеговина, кои се најдоа на 136 и 130 место. Од нашето опкружување најдобро е рангирана Албанија- 19 место, Црна Гора- 51 место, Србија- 64, Бугарија- 80. Грција е неколку места пред нас и е рангирана на 119 позиција. На врвот на листата се најдоа САД, Данска, Швајцарија, Финска, Нов Зеланд, Шведска, Холандија, Германија, Катар…

повеќе

Борисов домаќин на четиристрана средба на лидери од Балканот

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е домаќин на денешната  четиристрана средба на врвот меѓу Бугарија, Грција, Романија и Србија во резиденцијата „Евксиноград“ крај Варна. Премиерите на Бугарија, Грција и Романија Борисов, Алексис Ципрас и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за развојот на заедничките инфраструктурни проекти во контекст на поврзување на Балканот. Гостин на Форумот е и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, кој од вчера престојува во Бугарија. Фокусот на состанокот ќе биде и продлабочување на  регионалната стабилност, како и актуелните европски прашања. Се очекува дека…

повеќе

И Ајнштајн се има потпишано за слобода и автономија за македонскиот народ

Во 1929 година 157 светски интелектуалци меѓу кои и нобеловецот Алберт Ајнштајн потпишале петиција и барале слобода и автономија за македонскиот народ. На интелектуалците им бил даден прашалник (анкета) изготвен од весникот „Балканска федерација“ за ситуацијата со Македонците и Македонија, за разрешување на македонското прашање преку признавање на малцинските права на поробените и поделените балкански народи. Прочитајте на ЕКСПРЕС.мк

повеќе

Владеењето на Заев се повеќе потсетува на мрачните 90-ти

ВМРО-ДПМНЕ: Владеењето на Заев се повеќе потсетува на мрачните 90-ти, сивилото повторно надвисна над Македонија Македонија е единствената држава во Европа која е водена од политичар аболициран за сериозен криминал. Единствена држава во која на власт е криминален картел кој единствено работи за партиските и бизнис интересите на кланот Заеви. Одродената и криминална власт секојдневно ги задолжува граѓаните. Последното задолжување изнесуваше 58 милиони евра, а со ова темпо таканареченото грчко сценарио и банкрот е неизбежно. Граѓаните се донесени на работ должничко ропство, а сиромаштијата зема замав. Над 460 илјади македонски…

повеќе

Со договорите се откажавме и од артефактите што Грција и Бугарија ги однесоа од Македонија!

Пишува: Блаже Миневски Според она што досега е регистрирано, Македонија систематски била ограбувана од бројни странски окупаторски војски, но и од разни „истражувачи“ на македонското фолклорно богатсво, книжевност и сликарство. Македонскиот преродбеник Ј. Хаџи Константинов-Џинот има запишано дека во некои наши манастири имало дури и „по педесет товари ракописни книги“. Голем број наши скапоцени пергаменти и ракописни книги, стари и по десеттина века, денес се во Национална библиотека во Атина, во Софиската народна библиотека, библиотеката на Бугарската академија на науките уметностите, во Народната библиотека во Пловдив, како и во Софискиот црковен…

повеќе

Заев сè уште не знае дали во преамбулата ќе биде споменат Рамковниот

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите попладнево по остварена средба со пратениците кои ги поддржаа уставните промени рече дека на нивната втора средба биле дадени насоки за понатамошните постапки кои следуваат. Заев рече дека остануваат отворени за нови амандмани кои може да ги поднесе секој пратеник. Тој не сакаше да прецизира за колку амандмани станува збор, пишува Нетпрес. На поставено новинарско прашање рече дека сè уште не одлучиле дали во преамбулата ќе биде вклучен и договорот во Охрид. Рече дека вечерва ги чека долга ноќ кога ќе одлучуваат за оваа…

повеќе

Мицкоски: Јас сум антизападен колку што Заев е чесен, следната недела продолжувам со меѓународна активност на конгрес на ЕПП

Целокупната онаа анатема која што се обидуваат овие ненародни и криминални политичари предводени од СДСМ да ја фрлат врз ВМРО-ДПМНЕ и мене, правејќи ме антизападен, јас сум антизападен онолку колку што Зоран Заев е чесен и честит политичар, изјави во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Еве ви кажам сега во текот на идната недела ќе бидам во Хелсинки на конгресот на Европската Народна Партија и ќе имам можност да имам средби со број претставници од меѓународната заедница кои што се дел од нашите…

повеќе

КУМАНОВСКА ДИВА НАСЕЛБА: Приведени 9 лица по синоќешната вооружена пресметка во која едно лице е убиено

Надлежен јавен обвинител од кумановското Основно јавно обвинителство и увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршија увид на местото во Куманово каде што вчера попладнето се случи оружена престрелка меѓу две семејства, при што животот го загуби едно лице. По наредба на  јавен обвинител обезбедени се траги од местото, пронајденото ладно оружје и испуканите чаури. Претстои нивно вештачење кое ќе даде потребни податоци и докази за натамошниот тек на кривичната постапка. Издадена е и наредба за вршење обдукција на починатото лице, соопшти Јавното обвинителство. Деветмина учесници во оружената престрелка…

повеќе

ПО „ФЕЈСБУК“, СЕГА НА РЕД И „ТВИТЕР“: СТРУМИЧАНЕЦ ПОРАДИ ТВИТ ДОБИ КРИВИЧНА

Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против И.С.(41) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На социјалната мрежа Твитер на 19.10.2018 во 09:20 часот, споделил расистичка и кснефобична содржина наменета за лицето С.А.. И.С. бил повикан на службен разговор во СВР Струмица, каде појаснил дека Твитер профилот на кој е…

повеќе