ОЛИВЕР АНДОНОВ: Фарбачи

loading...

Една од моите претходни колумни ја насловив како „Цртечи на веѓи и сеачи на магла“ и токму уште тогаш предупредив на проблематичниот ментален склоп на ѓон СДС предавничка, а во однос на создавањето на перцепции за реалните собитија во Македонија. Впрочем, имав уште една колумна со истата тема во која почитувани сограѓани ви зборував за превртените слики на СДС.

Со овој вовед и со насловот на оваа колумна сакам да го нагласам неопходното освестување на Македонскиот народ, на сите граѓани на Македонија за опасноста која ни е надвисната над нашата татковина, но и над секого од нас поединечно. Како и претходно, многу предупредувања се кажаа, многу факти се изнесоа на виделина, премногу аргументи и индикатори беа видливи, но се некако бевме во недоумица или поточно во неверие дека тоа не е возможно да се случи. Е па, драги мои еве ни се случува. Ни се случува, и тоа според онаа теоријата за ставањето на жабата во ладна вода и потоа загревајќи ја водата на тивок оган полека да се умртви жабата. Токму така со лаги, манипулации, спинови, лажни вести, цртање веѓи, сеење магла, прикажување на извртени слики и сега преку фарбања, не подготвија за самоуништување, за прифаќање на нешто што ниту една нација и држава не би го прифатиле. Во минатото со аргументот на сила и тиранија се обидуваа да ги денационализираат нашите прадедовци и дедовци, денес со боите на хедонизмот и личното задоволство, егоизмот и некаква си нејасна анационална иднина во некаква си недефинирана држава не премачкуваат онака колективно за да не дадеме отпор на ова што ни се случува.

Кога зборувам за тоа што ни се случува ќе ги прескокнам економските ужаси низ кои поминуваме, осиромашувањето, немањето на визија за развој и подобар живот за младите, катастрофите во здравството, корупцијата и енормниот сериозен и насилен криминал присутен на улиците во нашето секојдневие. Ќе зборувам за ужасниот обид за потполна дефокусација на јавноста од процесот за денационализација на Макеоднскиот народ и уништување на Македонската државност.

Фарбачите во ликот и делото на ѓон Заев предавнички и неговата фамилија заедно со ѓон СДС предавничка ни приредуваат еден театар, забава за народ и занимација заради свртување на вниманието на јавноста и занимавање со дребни работи. Во исто време треба да поминат сите елементи од предавничкиот Преспански договор и да се спроведат во живот, а внимавајте, не постојат никакви гаранции дека Грција ќе го ратификува договорот (и барем тоа да е некаква гаранција). Впрочем и Коѕијас го кажа тоа дека Ципрас и Каменос договориле пред Март 2019 договорот да не влезе во грчкото собрание. Каков поголем доказ за подлите намери на Византинците барате од тоа што на денот на Св.Димитриј Солунски (по нов стил), односно годишнината од почетокот на Грчко-Италијанската војна, Каменос го прогласи Солун за главен град на Македонија (нели е тоа спротивно од „намерите“ на договорот од Преспа?). Во исто време војниците на парадата облечени во андартски униформи (ова е само слика за историското наследство и да ве потсетам дека токму тие и такви андарти со истата идеологија ги направија ѕверствата врз Македонците), громогласно пред очите на Европа и во името на нејзините цивилизациски вредности извикуваа навреди кон Македонија и Македонскиот народ. За сето ова нашето шармерско МНР не најде за потребно да упати нота на протест или да реагира на било кој начин.

Токму спротивно, предавничката влада на ѓон СДС предавничка започна со интензивно спроведување на одредбите од Преспанскиот договор, онака незабележително започнува со работа Комисијата со која „експертски“ без ниту еден историчар-професор од институтот за историја или за национална историја во комисијата, треба да ни се ревидираат учебниците, бидејќи нели ние сме иредентисти. Тоа што некој јавно повикува на крв и деструкција, а притоа демонстрирајќи и воена моќ е демократски. За да помине сето оваа енормно предавство незабележано од јавноста или барем забележано, но без било каква општествена реакција, фарбачите од ѓон СДС предавничка се решија да и сервираат на јавноста занимација со ВМРО-ДПМНЕ. Па така, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ биле анти-западни. Како тоа одеднаш Мицкоски кој најголемиот дел од својата академска кариера ја изградил токму на запад стана анти-западен, а ѓон Заев предавнички кој ја „прошири“ Пандорината кутија стана ептен западно ориентиран. Погледнете само какви глупости тресе Заев и тоа на минута време, како отвори уста така или тресне глупост или излаже и прашајте се зошто токму него ни го наметнаа за власт. Потоа сериозно запрашајте се што ќе правиме доколку го наметнат и за прв Претседател на неговата Северна Македонија, а март 2019 е близу. Или, да се запрашаме за сопствената ни умствена, етичка, духовна и ментална состојба, а според онаа Кумановска поговорка: „За каква глава, так’в брич“.

Затоа ќе имаме ситуација во која заради дефокусација ќе се активираат сите „спијачи“ во ВМРО-ДПМНЕ и сите треба да се занимаваме со ВМРО-ДПМНЕ и внатрешните привирања во него, а на сето тоа ѓон СДС предавничка преку „слободните“ медиуми ќе лиферува потполни невистини за анти-западни ориентации во ВМРО-ДПМНЕ или за немање внатрешна демократија, а познавајќи им ги методите на работа наскоро може да очекуваме и лиферација на измислени компромитирачки информации за Мицкоски и луѓето од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои пак нема да имаат допирни точки со политиките и политичката активност, туку ќе бидат насочени само кон денунцирање и општествено омаловажување на поединци. Запрашајте се само, дали досега имаше било каква забелешка или јавна дискусија за грешките на Мицкоски кон интересите на Македонија при спроведување на политиките, а колку глупости направи ѓон Заев предавнички и тоа не само преку изјави, туку и со конкретно делување против Македонија. Токму затоа, според проверената шема за фрлање на прашина в очи на јавноста ќе следуваат грст „интересни“ дезинформации за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и личниот живот на луѓето од раководството на партијата. Па така, наместо да знаеме и гледаме што конкретно ќе работи Комисијата на Габер и како ќе ни се менува историјата пред наши очи, да ја критикуваме Владата за не реагирање на грчките провокации и навреди, за тоа какви ќе бидат уставните амандмани и што тоа Беса и Села уште ќе ни приредат, кои се реакциите од соседството по однос на барањата за промена на уставот, да анализираме во академската јавност што се ќе донесат амандманските измени, односно какви ќе бидат долгорочните последици и евентуалните барања од други фактори во регионот пред се, ние ќе се занимаваме со измислици и наместени кризи во ВМРО-ДПМНЕ и личните животи на луѓе од раководството на партијата.

Доколку сметаме дека ова второто е позначајно отколку опстанокот на нацијата и државата, нека ни е на здрвје, „ќе не стрижат, ќе не мл’зат до крв“. Потоа да не бидеме изненадени од нови барања и договори или анекси на договори со сите соседни држави и нови понижувања и поништувања на Македонската нација и држава. Само да се запрашаме: „Каков одговор, добар одговор ќе дадеме на нашите деца и внуци, но пред се каков добар одговор ќе дадеме на Страшниот Христов суд кога ќе бидеме запрашани за нашата улога во одбраната на нацијата и државата, под делот грижа за ближниот свој“?

Ве повикувам сите вас, да ги држиме очите ширум отворени и да не наседнуваме на фарбањето на фарбачите и нивните калфи или подизведувачи кои се претставуваат како ВМРО-ДПМНЕ (прозападна???), да не дозволиме да не прават слепи при очи и да не фарбаат со разни бои. Потребно е секојдневно да ги препознаваме нивните игри и шарени бои со кои се обидуваат да ни ја превртат сликата и да не измамат дека не чека розова иднина. Според утрото денот се познава, а утрото во спроведувањето ан Преспанскиот договор со целата жестина ја покажува намерата за наше национално и државно исчезнување. Затоа нема потреба да се занимаваме и забавуваме со случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата смата одвнатре ќе си ги реши проблемите, наше е како граѓани на Македонија и како Македонци да го сосредоточиме нашето внимание кон тоа што работи Владата на ѓон СДС предавничка, бидејќи тоа е суштински и животно значајно за Македонија.

Во овој момент по неуспехот на фарбачите да го прикажат Мицкоски како анти-западен, а попатно да го извалкаат лично со по некоја бледа боја од нивниот репертоар на обиди за лична компромитација, следува обид за внатрешна дезинтеграција на ВМРО-ДПМНЕ како втора фаза на фарбачите, при што во потполност се јасни целите на нарачателите (здруженото молеро-фарбарско друштво), а ќе следува и трета фаза во која молеро-фарбарите и нивните подизведувачи ќе се обидат да промовираат свои лица, секако префарбани согласно нивниот вкус, за наводна замена на Мицкоски. Класичен обид да со што повеќе бои го премачкаат своето учество во уривањето на Македонија и обесилувањето и обесуштествување на ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, како логичен след на можниот отпор и ставење разредувач во бојата на фарбачите, би препорачал формирање на еден широк фронт за национална борба за спас на Макеоднија и ослободување на татковината од оваа несреќа наречена ѓон Заев и ѓон СДС предавничка. Секако, сметам дека единствена силна и организирана политичка сила која би ја предводела таа борба е ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Се надевам драги мои сограѓани,  дека сега е многу јасно како се наоѓаме во една завршна фаза од ударот врз Македонија и Македонската нација. Како се најдовме во оваа небитнина  ќе треба секој од нас да си даде одговор пред самиот себеси, бидејќи предупредував на ова уште од пред три години и повеќе. Но, верувам дека ќе изнајдеме внатрешни сили да ја спасиме нацијата и државата.

Затоа Ве замолувам да не обрнувате внимание на претходно пласираните и идните измислените вести, ставови, информации (читај дезинформации) за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ, туку со чист ум и отворени очи делувајте против политиките на ѓон СДС предавничка.

На денот на Св.апостол Лука

 

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

loading...

Поврзани статии