Порталот Лидер објави дека Заев е вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии, владиниот портпарол Бошњаковски демантира

loading...

Вмреженост помеѓу македонската Влада и висок функционер на партијата ЛДП со компаниите на контроверзниот руски бизнисмен Иван Савидис, кој е посочен како главен финансиер на про-руските активности во Македонија, откри „Економски Лидер“ во своето истражување за ширењето на руското влијание во земјава.

Истражувањето на „Лидер“, поврзано со Савидис е инспирирано од пишувањата на европската истражувачка мрежа Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP) која во јули годинава објави дека според документи од македонското Министерство за внатрешни работи, рускиот бизнисмен, кој живее во Грција, платил 300.000 евра на македонски политичари, членови на новоформирани националистички организации и навивачи за политички активности во земјава.

Како што пишва Лидер, Савидис се поврзува со финансирање на групи кои работат за интересите на авторитарната Руска Федерација и нејзиниот водач Владимир Путин, а дека мешал прсти во Македонија, кратко по објавата на OCCRP потврди и премиерот Зоран Заев во интервјуото за американската агенција „Базфид“ во кое заборави да каже дека и тој самиот е поврзан со луѓе на Савидис.

„Проруски грчки бизнисмени им плаќале на Македонци од 13 до 21 000 долари за да предизвикаат насилни протести пред клучниот референдум за името. – рече премиерот Заев за „Базфид“. Четири месеци по оваа изјава на премиерот, од  МВР нема никакви информации за истрагата во која имаше и сведочења како се примале парите од рускиот бизнисмен кој живее во Грција. Од тогаш во јавноста нема никакви детали околу активностите на демонстрантите кои тврдеа и дека истите структури се вмешани во настаните од 27 април. Истражувањето на  за тоа какви се активностите на мрежата на Савидис во Македонија, покажува дека пред да е поврзан со навивачите, тој е поврзан со Владата, премиерот Заев и висок функционер на партијата ЛДП која е дел од владејачката коалиција. Компанијата на Иван Савидис, „СЕКЕ АД Грција“ има свој тутунски комбинат во Крушево, кој пред еден месец беше посетен токму од премиерот Заев. Претходно Заев говореше дека рускиот бизнисмен финансира протести, за потоа да ја фали неговата компанија како успешен пример. Заедно со Заев, се чини, курсот го сменија и провладините медиуми, кои наеднаш престанаа да пишуваат за него а заедно со власта, оркестрирано “руското влијание“ и го препишуваат на опозицијата.“, пишува ЛИДЕР.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на Твитер ја демантираше веста која ја објави „Економски Лидер“ за вмрежаноста на премиерот Зоран Заев со контроверзниот руски бизнисмен Иван Савидис, кој е посочен како главен финансиер на про-руските активности во Македонија.

Информацијата објавена на порталот Лидер со наслов “Заев вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести!” е целосно неточна и е лажна вест. Премиерот Заев нема никаква поврзаност со компанијата од текстот. Наскоро соопштение од компанијата Секе од Крушево – објави Бошњаковски на Твитер.

loading...

Поврзани статии