Бизнис заедницата против прогресивниот данок

loading...

Негативни реакции за најавениот прогресивен данок и пензиската реформа кои вчера ги презентираше Владата.

Бизнисот на нож го дочека прогресивниот данок со кој за приходите над 90.000 денари се воведува персонален данок од 18%. Велат ека ова ќе биде удар по нивниот џеб. Не се сигурни дека некои во нивните редови нема да фатат крив правец кон даночна евазија, ниту за тоа дали зголемените трошоци ќе ги компензиираат од платите на вработените.

За Бизнис конфедерацијата на Македонија двете реформи не се суштински, туку само шминка.

-Знаете онаа ментална бариера која ја имаат граѓаните и бизнисмените и за таа имавме реакција од 60 000 денари. Не верувам дека ќе бидат спремни да издвојат дополнителни пари за даночна обврска. Ова е проба на владата како ќе се однесуваат граѓаните и бизнсмените за да може да се оди во подлабоки реформи. – вели Миле Бошков, Бизнис конфедерација на Македонија.

Со став излезе и Организацијата на Работодавачи. Велат мерката е прифатлива, но само доколку од основицата се исклучат приходите од плата, бидејќи платата веќе била оданочена со 42 проценти и ако се додадат дополнителни 8, оданочувањето ќе изнесува половина плата.

Експертите се затечени зошто очекуваа јавна дебата, а не законски решенија. Предупредуваат дека е можна даночна евазија, продлабочување на сивата економија, иселување на младите високостручни кадри кои пристојно заработуваат во земјава. Но и негативни ефекти врз вториот пензиски столб кој потоа повторно ќе теба да се надоместат. Бараат јавна дебата, посебно за прогресивниот данок.

-Потребна е точна поценка и пресметка не само на моменталните заштеди, туку како сето ова ќе се одрази по пет или десет години. – вели Благица Петрески, Фајнанс Тинк.

Владата вчера ги презентираше новините во долгонајавуваните реформи кои стартуваат од наредната година. Граѓаните кои од плата, пензија, авторски договори остваруваат поголеми приходи од 90.000 денари ќе се даночат со 18 проценти персоналец, но само делот кој ја надминува оваа сума.

Додека капиталните приходи како кирии, дивиденди, добивки од игри на среќа со фиксна стапка од 15 проценти. Со пензиската рефора се зголемуваат придонесите за здравство и за пениско за 0,5 проценти, и се отвора мижност за максимум 28.000 осигуреници да преминат од приватниот во државниот пензиски столб.

Од даночната реформа треба да се соберат дополнителни 25 милиони евра во буџетот, а пензиската треба да ја подзакрпи дупката во пензискиот фонд за 35 милиони евра.

Министерстово за финансии пак и денес излезе со подлабока анализа на реформите, тврдат прогресивниот данок еправеден и треба да го намали економскиот јаз меѓу богатите и сиромашните. Од ВМРО-ДПМНЕ и денес со став дека реформите ќе ја срушат и онака кревката економија.

loading...

Поврзани статии