„КОСТЕНИЈАДА 2018“ – Фестивал на Смоларскиот костен

loading...

Во падините на планината Беласица, над селото Смоларе, денеска по 9-ти пат се одржа Фестивал на Смоларскиот костен „Костенијада 2018“, традиционално овошје кое е заштитен знак на селото Смоларе.

Печени смоларски костени, специјалитети од костени, но и традиционални македонски јадења, топла ракија, вино и чај, музика во живо, традиционални ора со КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, како и изложба на творби посветени на костенот, изработени од ученици од општина Ново Село, беа дел од „Костенијадата“.

Плодот кој во изобилие расте на планината Беласица, тука има посебно значење. Денеска домаќинките меѓусебно се натпреваруваат кој ќе направи повкусен кулинарски подвиг. Велат дека Смоларскиот костен добро се продава на пазарите.

На манифестацијата меѓу многуте гости одМакедонија, соседна Бугарија, претставници на Владата и општини од регионот, присуствуваше и сопругата на премиерот Заев, Зорица Заева.

Целта на манифестацијата е презентација на повеќе производи направени од надалеку познатиот Смоларски костен, но и на други локални производи, пијалоци, рачни изработки и други кулинарски вештини и етнолошки вредности карактеристични за оваа поднебје.

strumicanet.com

loading...

Поврзани статии