Паралелно со Докомплетирањето, Народното Собрание со Темелни Подготовки за Зачувување на Македонија!

loading...

СТАТИЈАТА Е ПРЕВЗЕМЕНА ОД СЛЕДНИОВ ЛИНК ОВДЕ.

Најновото соопштение на Иницијативниот Состав на Народното Собрание сведочи за длабока, детална и сериозна подготвителна работа за Првото Заседание на Уставотворното Собрание кое е во фаза на пополнување на делегатскиот состав, прочитај повеќе тукa: Почна Формирањето на Уставотворно Народно Собрание! Предлагање Делегати! Паѓај Хунто и Неправдо!

Исто така се наѕират и широките државнички рамки на планирато дејствување во обезбедувањето на континуитетот на Македонија како држава на Македонскиот Народ. На пример, паралелно со објавените Јавни Консултации на Народното Собрание со Народот за Зацврстување на АСНОМ-скиот Дух на Македонскиот Устав! листата на само дел од документи кои се во изработка дава впечаток дека Народното Собрание ќе го прави токму она што и е потребно на Македонија во овој стадиум на распад на целокупниот систем а тоа е, целосно чистење на државата од корумпираните и продадени отуѓени “елити” од стотина “пратеници” на нелегитимниот состав на собранието кои веќе не представуваат никого освен своите џебови.

Додека медиумите несвесно ја голтаат подметнатата наратива на ДПМНЕ против себеси и против СДС во Македонија се буди свеста дека тоа не е ни битно веќе и дека на никого од самонаречените политичари не може веќе да се чека туку дека Македонскиот Народ сам ќе си ја земе судбината во свои раце.

Вистинската наратива е: Македонија против целата корумпирана “елита” од стотина продадени квислиншки “пратеници” и дека Македонскиот Народ сам, комитски и партизански, со #Отпор#Бојкотирам и Народното Собрание ќе ја урне и нелегитимната Хунта и ќе ги збрише од политичката сцена сите продадени и незаслужени да ја водат Македонија политичари!

Го пренесуваме соопштението во целост:

Браќа и сестри

Како прво сакаме да ве информираме за покажаната огромна подршка на Македонскиот Народ за Народното Собрание како и интерес за предлагање делегати кое продолжува и понатаму и е можно на следниов линк: Повик за Предлагање Делегати за Првото Заседание на Уставотворното Народно Собрание на Република Македонија

Со цел подготовките за работата на Првото Заседание да се завршат навреме, Иницијативниот Состав работи на подготување на сите потребни документи, на кои ќе ја повикувме јавноста да учествува како на пример: Јавна Народна Консултација за Зачувување, Одбрана и Зајакнување на АСНОМ-скиот Дух во Уставот на Република Македонија. Сите следни нацрт документи, како на пример дел од овие наброени подолу, како што ќе бидат изготвуванни ќе бидат исто така доставувани на јaвна народна консултациија:

  1. Декрет Бр. 1. Усвојување состав и работни тела, деловник, програма за работа и дневен ред на Првото Уставотворно Заседание на Народното Собрание
  2. Декрет Бр. 2. Информирање на Претседателот на Републиката за подоготовките за свикување Прво Уставотворно Заседание на Народното Собрание и последователното преземање на законодавната власт од страна на Народното Собрание до новите избори.
  3. Декрет Бр. 3. Започнување на изработка на Новиот Устав на Република Македонија.
  4. Декрет Бр. 4. Формирање на Народно-Ослободителни Сили на Република Македонија од Армијата на РМ, Единиците на МВР, Резервниот Состав и Доброволни Патриотски Одреди.
  5. Декрет Бр. 5. Информирање на Меѓународните Фактори за Преземање на Законодавната Власт од страна на Народното Собрание.
  6. Декрет Бр. 6. Формирање и назначување на состав на преодна Техничка Влада за спроведување на Уставот и за организирање на новите избори.
  7. Декрет Бр. 7. Усвојување на политичка, економска, социјална и безбедносна програма за работа и спроведување од страна на преодната Техничка Влада.
  8. Декрет Бр. 8. Информирање за преземањето на законодавната власт од страна на Народното Собрание и на извршната од страна на Техничката Влада и ставање под контрола на сите Македонски државни органи, агенции, институиции, администрација од општинско до национално ниво.

Во врска со големиот медиумски интерес и барања за интервјуа известуваме дека поради познатите безбедносни причини во услови на окупација на Македонија од страна на нелегитимни надворешни фактори и нивните домашни квислинзи, се до одржувањето на Првото Заседание на Уставотворното Собрание нема да има изјави за медиумите ни интервјуа ниту ќе се објавуваат имињата на делегатите кои се чуваат и ќе се чуваат во најстрога тајност се до Првото Заседание на Уставотворното Народно Собрание на Република Македонија.

За Македонија Вечна и Слободна

Техничкиот Секретаријат на Народното Собрание на Република Македонија

2ри Ноември, Македонија

СТАТИЈАТА Е ПРЕВЗЕМЕНА ОД СЛЕДНИОВ ЛИНК ОВДЕ.

loading...

Поврзани статии