84 организации од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за соработка против уставни измени, распуштање на Собранието и распишување избори

loading...

Денес, недела, 4-ти ноември 2018, осумдесет и четири организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб против промена на Уставот на Република Македонија, распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори. Кризниот штаб ќе организира сенародни протести пред Собранието на Република Македонија, пред домовите на одметнатите и уценети пратениции, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си заминат. Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или ќе победиме за да останеме свои на своето, трето нема. До таму е дојдено. или тие или ние. Целта на сенародниот отпор е со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер – беше истакнато меѓудругото на потпишувањето на Повелбата за стратешка соработка.

Кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори ќе настапува под слоганот „Македонија-Блокира.                                                                                                                                       Со почит,

                            Центар за комуникации на Единствена Македонија

loading...

Поврзани статии