Продолжуваат катастрофалните политики на СДСМ кон младите: Во Собранието одбиени амандманите за студентските домови

Според опозицијата денешната дебата на комисијата за Финансирање и буџет го покажа целото лицемерие на пратениците на СДСМ. Иако пред речиси година и пол додека беа во опозиција не пропуштаа прилика да потенцираат дека младите им се фокусот, дека ќе изградат нови студентски домови, ќе ги вратат младите од странство во Македонија тие не само што тоа не го направија туку ништо не прават ни да ги задржат оние кои се овде. Амандманот поднесен од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, а кој се однесува на реконструкција и одржување на стдентските…

повеќе

ТРАМП: Демократите ќе ви наметнат социјализам

На последниот предизборен митинг во Флорида пред изборите следната недела претседателот на САД Доналд Трамп ги повика своите поддржувачи да ги  изберат републиканските кандидати за гувернер и сенатор, оти во спротивно, како што рече, Демократската партија ќе ја уништи државата. Трамп по вторпат оваа недела беше на предизборен митинг во Флорида за да ги поддржи кандидатите на својата партија за сенатор и гувернер. Тој предупреди дека ако биде избран кандидатот за гувернер на Демократската партија, Ендрју Гилам, жителите на Флорида ќе плаќаат повисоки даноци. -Тие ќе наметнат социјализам во Флорида. Добредојдовте…

повеќе

Сајбер криминал: Скопјанка пазарела преку интернет со туѓа картичка

Триестгодишна скопјанка заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека со платежна картичка на оштетено физичко лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари. – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против скопјанката Ј.И.(30) поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo дело казниво по член 274-б став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти МВР. Пријавената со платежна картичка на оштетено…

повеќе

АНКЕТА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ЗА ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ: Марин Ле Пен има поголема поддршка од Макрон

АНКЕТА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ЗА ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ: Марин Ле Пен има поголема поддршка од Макрон / 04.11.2018 Француската крајно десничарска партија Национален фронт, предводена од страна на Марин Ле Пен, првпат ја претрка партија на францускиот претседател Емануел Макрон, центристичката Република во движење на анкета за намерите на гласачите пред изборите за новиот состав на Европскиот парламент. Според резултатите од најновото истражување спроведено од Институтот ИФОП објавена денеска, партијата на Макрон ужива доверба од 19 отсто од анкетираните Французи – за еден процент помалку отколку во август, а партијата на Ле Пен…

повеќе

ОТВОРЕНО ПИСМО ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ГОСПОДИНОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВТОР ДЕЛ

Јордан Петровски писмото почнато на 17.07 2018 завршено на 14.10.2018 Вториот дел на отвореното писмо до Вас господине Мицкоски е посветен на Реформите на УБК и Реформите на Судството, најголемиот  проблем на Македонија за опстанок на Македонската држава, за нејзина демократизација , за нејзино конечно започнување на почитување на индивидуални човекови права, за започнување на еднаквост пред законот, за крај на процесот на смена Курто со Мурти и за влез во ЕУ и НАТО, поголем проблем и од проблемот со името што конечно излезе и сега по промената на името.…

повеќе

Скопјанец објави снимка од крадците кои среде бел ден му го ограбуваат домот

Скопјанец објави видео-снимка од неговата спална соба додека две лица претураат по домот. Крадците влегле во неговиот стан, декативираќи го претходно алармот. Барале, претурале, додека скриената камера ги снима. „Додека не бевме дома, овие двајца крадци влегле и провериле сѐ барајќи злато и пари. За среќа ништо не недостасува, но фактот што успеале да му го исклучат алармот покажува дека се професионалци. Камерата што ја имав скриено во спалната ги сними нивните лица, па полицијата лесно ќе ги пронајде“ – вели сопственикот. Видеото е објавено на 30 октомври.

повеќе

ДУРЛОВСКИ СО КОМЕНТАР ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Со крвта на нашите претци го испишавме најсрамниот дел на нашата историја

Со крвта на нашите претци го испишавме најсрамниот дел на нашата историја, напиша на својот ФБ профил уставобранителот Игор Дурловски, коментирајќи ја информацијата дека со Уставните измени согласно договорот од Преспа од Уставот ќе се избрише АСНОМ, но и 11.октомври Покрај бришењето на одлуките од АСНОМ во Уставот ќе биде биде избришан и вековниот стремеж за независна држава Маекдонија и Илинден, а ќе биде впишан и Охридскиот Рамковен Договор, со што дефакто Македонија станува држава која се заснова на два договорот Охридскиот и Преспанскиот. Со најавите дека во Прамбулата на…

повеќе

ВИЕ СТЕ МАЈСТОРИ НА ЛАГАТА: Сте ги лажеле и Христијан и Никола, ама и целото членство и народот!

– Тешко кога ќе се скараш со себе, заради нешто што си го говорел, или направил, пред само година дена. Секој од нас има такви моменти во својот живот. И тоа се прави пред сопственото огледало. Но тоа е ништо, во споредба со признанието дека не сте се лажеле само себе си, туку сте ги лажеле и 160 000 членови на ВМРО-ДПМНЕ, и уште 240 000 симпатизери, пишува членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски на својот Фејсбук профил. – Ако сте успеале да лажете толку многу луѓе, и…

повеќе

Владата ги зголемува придонесите за плата!

Придонесите на плата ќе се зголемат за 0,5 проценти, а работниците со бенифициран стаж и оние родени до 1 јануари 1967 година ќе имаат можност да се вратат во првиот столб. Ова го предвидива пензиската реформа што ја објави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Според неа, овие мерки се во функција на стабилизација на пензискиот систем и со нив дупката во пензискиот фонд, која изнесува околу 309 милиони евра, треба да се намали за околу 35 милиони евра. Министерката објави дека нема да има замрзнување на пензиите…

повеќе

КАСАМИ ЈА ДОБИ „БИТКАТА“ ЗА БЕСА: Судот стави крај на поделбите во БЕСА – Касами е претседател

Партијата Беса дефинитивно останува на крилото предводено од Билал Касами. Висок партиски функционер, за Плусинфо вели дека Основниот суд Скопје 2 ја одбил жалбата на крилото на Беса предводено од Африм Гаши, тој да биде впишан како претседател на партијата. Дополнително, фактот дека битката за партијата ја добил Касами, бил поткрепен и со тоа дека и Управниот суд се прогласил ненадлежен за тужбата на Гаши. Според ова, на крилото на Гаши му останува само опцијата, повторно да се обрати до Апелацискиот суд, но од групата на Касами велат дека приказната за тоа…

повеќе